10.05.2021

Уникатна вила на 1200 метри без никој во соседството: Иделана за активен одмор

Уникатна вила на 1200 метри без никој во соседството: Иделана за активен одмор

Ако има нешто во кое сите сме заљубени, тоа е пролетта. Годишно време кое ги разгорува страстите за активен туризам и користење на слободното време во природа. Без разлика дали се работи за пешачење во природа, планинарење, велосипедизам, искачување на планински врвови или пак пливање, најважно од се е да останеме активни во текот на цело лето и да заборавиме на стресот кој ни го нанесе пандемијата. 


Вилата „Преведена 2“ е одлична за анти-стес терапија. Идеална за туристите кои бараат начин како да побегнат од сите. Таа се наоѓа на 1200 метри надморска височина и е идеална за љубителите на активниот туризам. 

Наменета е за 4 лица, а информацијата дека сопствениците дозволуваат влез на домашни миленици ќе направи среќни многу патници. 


Доколку имате велосипед, не размислувајте дали да го понесете со вас. Тимот на Кајак.мк ви предлага да го искористете слободното време истражувајќи ја околината. Со вашиот велосипед може да појдете до комплексот „Бела вода“ каде има можност за јавање коњи. Воедно ви препорачуваме да го искачите врвот Џами Тепе и да ги посетите водопадите на Суви Лаки. 

Повеќе фотографии од вилата, информации за неа, како можност за дирекна вибер комуникација со сопствениците ќе најдете со еден клик ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!