06.06.2022

Им ја даваме сета почит на галичките овчари при реализација на нашите АТВ тури

Им ја даваме сета почит на галичките овчари при реализација на нашите АТВ тури

Имаме уште една уникатна тура во базата на Кајак.мк на која може да се приклучи секој со авантуристичко срце.

Од денеска можете да ги резервирате АТВ турите преку кои ќе ги посетите најубавите места во Галичник и регионот на Галичник.

Филип кој е дел од организацијата на ATV.RUPICAPRA вели дека посебноста на овие тури лежи во истражувањето на Бистра на поинаков начин. Спој на природа кој е затскирен од човечко око. Погледи кои нема да ве остават рамнодушни и полни гради планински воздух кој нема цена. Низ секоја тура сте проследени со водич. Најпрво поради безбедност и насоки на патот, а потоа и за добра дружба и учење нешто ново за Галичник и Бистра.


Точката на поаѓање е од Галичник. На самиот влез во селото до гостилницата " Баба и Деде ".

Првата патека што е достапна за возење се нарекува " Венец ". Претставува шумско-ливадска патека со времетраење од 1 ипол час.

Пред да се започнеме турата има карток увод, обука за начинот на кој се вози, положба на тело, и доколку има прашања или потреби на возачот. Бројот на луѓе во една тура за сега е ограничен на 4ца. По тежина на возење е средна. Што значи може и почетник лесно да се адаптира, доволно е да има авантуристички дух.


Втората патека за возење која се нуди е наречена "Говедарник" заради тоа што во текот на возењето се осознава што се крие зад карпата Говедарник и одблиску се гледа бачилото што го носи истото име. Особена важност се оддава на овчарите кои цела сезона престојуваат баш на тоа место заедно со своите овци. Времетраењето на оваа тура е ококу 2 ипол часа.


Низ секоја тура е достапен пијалок во тек на возењето како и потребна опрема. Исто така и по завршувањето на возењето следува даска со најубавото Галичко сирење, пита и чашка ракија во Гостилницата " Баба и Деде".

Цената за индивидуална возење чини 2000 денари за турата Венец, а 4500 за турата Говедарник. Доколку сакате да сте во придружба на уште некој на истото возило, чини 2500 денари за турата Венец, 5000 денари за турата Говедарник.

Доколку сакате да стапите во контакт со организаторите, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.