19.11.2023
Денеска се отвора рибникот Глобица: Нова гастро дестинација на Кајак.мк
Денеска се отвора рибникот Глобица: Нова гастро дестинација на Кајак.мк
Базата на Гастрономија ја збогатуваме со уште една прекрасна дестинација,
за која веруваме дека на повеќето кои во моментов го читаат четивото не ви е
добро позната локацијата.
Тимот на Кајак.мк ве води во општина Пробишип, каде на само 10 минути возење од градот ќе стигнете до атарот на поранешното историско село „Глобица“ кое денеска локалните жители го користат како излетничко место.

Патот до истоимениот ресторан е одличен за возење,
а до Скопје до оваа локација вам ви е потребен еден час за да пристигнете со
автомобил.
Рибниот ресторан е нов угостителски објект во кој можете да уживате на ручек или вечера со вашите блиски, а остатокот од денот да го поминете на прошетка во природа. Во рибникот ќе најдете доста специјалитети од риба, месни специјалитети и разни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
А за оние кои пак сакаат повеќе информации за тоа каде да го искористат своето
слободно време, тимот на Кајак.мк ги информира дека недалеку од рибникот може
да се посети селото Бунеш, каде што се наоѓа црквата Св. Илија. До црквата
можете да дојдете преку исклучување од регионалниот пат 2232 и да ја поминете
Злетовската Река.
Засега тимот на Кајк.мк е во исчекување на повеќе фотографии од рибникот,
но за точната локација како и контакт телефон за резервации можете да најдете
со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
