Рибник Глобица

Каде во Пробиштип? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Базата на Гастрономија ја збогатуваме со уште една прекрасна дестинација, за која веруваме дека на повеќето кои во моментот го читате ова четиво не ви е добро позната локацијата „Глобица“.

Базата на Гастрономија ја збогатуваме со уште една прекрасна дестинација, за која веруваме дека на повеќето кои во моментот го читате ова четиво не ви е добро позната локацијата „Глобица“.

Тимот на Кајак.мк ве води во општина Пробишип, каде на само 10 минути возење од градот ќе пристигнете во поранешното историско село „Глобица“ кое денеска локалните жители го користат како излетничко место.

Патот до самото излетничко место и истоимениот ресторан е одличен за движење, а до Скопје до ова локација вам ви е потребен еден час за да пристигнете со автомобил.

Рибниот ресторан е новоотворено излетничко место каде можете да појдете со вашите блиски на семеен ручек, вечера, а остатокот од денот да го поминете на прошетка во природа.

Во рибникот ќе најдете доста специјалитети од риба, месни специјалитети и разни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

А за оние кои пак сакаат повеќе информации за тоа каде да го искористат своето слободно време, тимот на Кајак.мк ги информира дека недалеку од рибникот може да се посети селото Бунеш, каде што се наоѓа црквата Св. Ѓорѓи. До црквата можете да дојдете преку исклучување од регионалниот пат 2232 и да ја поминете Злетовската Река.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Талевски Сашо

    11.08.2025 09:12

    Здраво на сите Обично не критикувам, бидејќе за да критикуваш нешто (или некого) треба да си подобар од тој што го критикуваш или да направиш нешто кое што е подобро од критикуваното. Вчера (09.08.2025) ни се случи една нискост која што секој би имал право да ја критикува. Јас со сопругата и синот и другар со неговите, дојдени од Италија, за да се дружиме и помуабетиме бидејќи не сме се виделе многу одамна, отидовме во „Рибен ресторан Глобица“. https://kajak.mk/gastronomija/4faf916f-ribnik-globica https://www.instagram.com/globica.ribnik/ Ресторанот имаше гости но не беше преполн. Можеби беше полн до половина од капацитетот за седење. Таму отидовме околу 13:15 h. Околу 14:15 h нарачавме главно јадење. Пилешки стек, Шарска и 1,5 kg. крап на кременадли и чекавме и чекавме и бевме сами на шанк да си донесеме пијачки и чекавме и уште чекавме и реагиравме неколку пати и ни се расипа имуабет, и расположение и ручек и се конечно, по чекање од 2 часа, околу 16:00 h, на нашата маса донесоа една порција со добро исушен пилешки стек и порција со Шарска плескавица, ладна како камен (и двете порции беа гарнирани со помфрит од лани). Рибата ја немаше. Реагиравме и рекоа дека ќе биде готова за 10 мин. Во 16:20 h, станавме од масата и се упативме кон шанкот за да го платиме тоа што до тој момент беше донесено на нашата маса и во тој момент келнерот ја изнесе рибата од кујна. И ни „извинете што чекавте“ ни ништо, келнерот се смее и вели: „Видете ја каква е за вас, Смее се“. Рибата ни се смееше, ама се смееше и келнерот. Си плативме за послуженото и си заминавме. Најискрено ви препорачувам, доколку сакате да се измалтретирате, да се изнервирате, да ве омаловажат, да се изначекате 2 часа за парче пржена риба, обавезно да го посетите Рибниот ресторан Глобица. п.с. Толку ни го расипаа дружењето што не стигнавме ниту една слика за успомен да направиме. Со текстот ви приложувам само една слика која што ја направи син ми при нашето доаѓање во ресторанот.