11.10.2024

Дали сте слушнале за Омма: Фармата и вила?

Дали сте слушнале за Омма: Фармата и вила?

Тимот на Кајак.мк постојано ги ископува на виделина уникатни гастро ќошиња на кои можете да поминете еден супер викенд со вашите блиски. Денеска ве водиме во околината на село Орман, каде во падините на Скопска Црна Гора се наоѓа новоотворениот ресторан „Omma: Farm & Villa“.


Уникатната локација на која е позициониран ресторанот ви овозможува активен викенд во природа, со јаготката на шлагот, а тоа е секако вкусната храна во која можете да уживате. На своите социјални мрежи ресторанот го користи мотото „Organic food restaurant“, а очекуваме импресиите и впечатоците на гостите да го потврдат истото.


На менито на ресторанот може да се забележат разни локални специјалитети како погачи, сирења во фурна, пиперки со кајмак, летни манџи, домашен суџук, телешки специјалитети и разни десерти.нОколината на ресторанот е богата со борова шума, што ви гарантира кислородна терапија за време на вашиот престој.

Доколку сакате да ја погледнете локацијата, повеќе фотографии од ресторанот, како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!