05.05.2021

Нашето сместување во Крушево ви го исполнува слободното време со разни активности

Нашето сместување во Крушево ви го исполнува слободното време со разни активности

Престојниот период е одлична прилика зa велосипедистите да тргнат на нова авантура по свој аранжман. Денеска во базата на Кајак.мк додаваме вила во Крушево чии сопственици Антина и Перо се љубители на велосипедизмот и имаат засебен простор за велосипеди во вилата Casa Mular.

Перо ни раскажува дека организираат и велосипедски тури со локален водич, преку кои се истражува цел регион. За оние кои немаат велосипеди, може да изнајмат од самата вила (mountainbike).

Мораме да потенцираме дека Крушево е идеален за активни велосипедисти. Има кратки и долги, планински и градски патеки со различни нивоа на тежина. Во околината на Крушево има 4 патеки во должина од 42 километри кои се обележани со знаци за информации за рутата, километри и предвидено времетраење на турата.


Во однос на турите постојат мали и големи тури кои варираат од 10 па се до 55 километри возење низ Бушева планина и самиот град Крушево.


Во Крушево можете да присуствувате на настаните како: When in Krusevo кој се одржува во месец јуни и Крушево низ корија во месец август. Сопственикот Перо е подржувач на овие настани како и на сите Оutdoor фестивали.


За оние кои досега го немаат посетено Крушево, наш совет е да ја посетите спомен куќата на Тоше Проески, Мечкин камен, црквата св. Богородица. Крушевко езеро, галерија Мартиноски итн. Вашата прошетка завршете ја во некои од локалните меани и пробајте од традиционалните специјалитети.

Странските туристи велат дека Крушево е одлична дестинација за одмор во било кој период од годината. За сместувањето на Антина и Перо пишуваат дека домаќините се доста гостопримливи, услужни и менаџментот е за пофалба.

Сместувањето се наоѓа во централната тивка градска населба веднаш до основното училиште Никола Карев, на 2 минуту до автобуската станица. Сите ресторани, маркети, кафулиња се наоѓат во радиус од 50 метри, а погледнот од вилата е феноменален. Повеќе информации за сместувањето. ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!