27.12.2020
Во македонско село постои ваков ранч кој можете приватно да го резервирате
Во македонско село постои ваков ранч кој можете приватно да го резервирате
Во срцето на Македонија постои сместување кое ние би го нарекле сместување на новата генерација патници, бидејќи, новата ера на туризам ни ги носи сервирани во иста чинија и лукзусното и традицијата. Новите „сајбер“ патници коишто копаат по интернетот се со цел да најдат нешто несекојдневно, а се со цел да го почуствуват токму тоа што има околината да им го понуди, можеби на пик ќе го имат „РАНЧО И ВАНЧО НА КАТА“. За што станува збор, дознајте во интервјуто со Катарина Георгиевска, сопственичка на објектот.

Кајак: Изминатите неколку месеци ја следиме вашата работа и вложувањето во развојот на руралнио туризам во Македонија. Имате доста специфичен објект кој го изнајмувате. Дали може да ни кажете каде е лоциран, зошто баш таму и зошто се одлучивте да инвестирате на тоа место?
Катарина: Уште пред 15-тина години имав визија еден ден да живеам во дива природа а приходите неопходни за живот да ги остварувам од селски туризам. Тоа е посебен концепт којшто пред се ќе понуди специфичен мал сместувачки капацитет со можност за подготвување на домашна храна. Во светот постои една интересна група на луѓе, кои, без оглед на нивната професија и начин на живеење, имаат потреба да се „ослободат“ од стегите на урбаната џунгла, да се изгубат во дивината, да го доживеат мигот на сегашноста, вечноста на ѕвездите, мирот и холистичкото заедништво на живата природа. Тие луѓе потоа сакаат да преспијат во соба исполнета со бои, рустика, чиста енергија на дрвото и каменот, имајќи го притоа целиот комфор на убаво уредена бања, топла вода, миризливи рачно изработени сапуни. Ете, анализирајќи ја цела Македонија, во селото Оморани (патем, и географскиот центар на Македонија) го почувствував овој спој, беа понудени стари куќи за продажба и веднаш одлучив дека ова ќе биде, пред се мојот сопствен рај, во кој ќе имаат можност да уживаат разни посетители кои се во потрага по „хедонизмот на животот“. Денес, овде гостите го чувствуваат токму тоа.

KAJAK: Зошто баш вакво име?
Катарина: Во 2009 год. кога почнавме со градежните работи на куќата, направивме посета со моите колеги од тогашното работно место. Тие на шега го нарекоа „Ранчо и Ванчо на Ката“. Но, јас многу добро знам дека во животот нема „случајности“, па веднаш ми се допадна тоа име како од Бога дадено. Јас сум Ката, „ранчот“ е мој, а Ванчо исто така , не го давам никому.
KAJAK: Што е тоа кое гостите го потенцираат како специфично во вашиот објект?
Ново чувство и доживување кое ни самите не знаат да го објаснат. Јас веќе сфатив дека се работи за еден многу подлабок порив, пробив на исконското постоење на битието, Јас, кое овде одеднаш и многу едноставно излегува на површината од личноста. затоа нивните оценки во просек велат „необјасниво, едноставно мора да се доживее“.
KAJAK: Што најмногу им се допаѓа?
Мирот на постоењето. А тој се доживува со секој детал од куќата, градината, местата осмислени за седење и уживање. Некој чита книга, некој посакува да готви храна заедно со нас, некој иако платил соба се преселува да спие на верандата на отворено, некој го открива највкусниот појадок во животот, а некој конечно ги разбира ѕвездите покрај чаша вино или домашен ликер од капини. Странците со уживање во тутунот со ширум отворени очи ја слушаат приказната за Богомилското движење, а потоа со часови дебатираме за феудалното и капиталистичко угнетување низ човештвото, завршувајќи со идеи за нова парадигма на живеењето.
KAJAK: Освен сместувањето, нуди и други услуги? Би сакале да ги запознаеме нашите патници/читатели и со тој дел?
Катарина: Нашата стандардна услуга е ноќевање со појадок. Но сфаќајќи дека речиси сите посетители прашуваат и за вечера, осмисливме специфични менија „се вклучено“ за вечера, кои се прифатени со врвни оценки. Неодамна имавме и посебно декорирана вечера на која момчето ја запроси девојката. Мислам дека и без видливоста на прстенот, девојката штом ја виде поставеноста на амбиентот, веќе сфати дека нешто интересно ќе се случува Имаме и групи од странски гости на кои им правиме прошетка низ селото со посета на домаќинство каде се запознаваат како се одгледува тутунот, не само во денешен контекст, туку многу подалеку во нашата историја, традиција, револуционерните и пролетаријатските идеи на Кочо Рацин, итн. па се дегустира мед и козјо сирење, и се завршува со превкусен ручек во нашиот двор. Некои гости навечер го претвораат летниковецот во диско подиум, а една мајка секојдневно им пееше на своите 4 деца песни со гитарата. Мобилни телефони и слични играчки овде не се користат. Од следната година ќе понудиме за домашните гости еднодневни 8-часовни излети со вклучени оброци/залчиња и разни домашни пијалоци кои ќе бидат сервирани постојано во текот на денот.
KAJAK: Дали треба да се вложува повеќе во руралниот туризам кај нас?
Катарина: Апсолутно да. Ги охрабрувам луѓето во средни години да размислуваат за животна инвестиција во селскиот туризам која воедно ќе им донесе и многу помирен начин на живот. Од друга страна, неопходно е јавниот буџет објективно и вистински да спроведува капитални инвестиции во руралните подрачја, бидејќи јас како физичко лице секако дека нема да асфалтирам локални патишта или улички во селото, да се грижам за комуналниот отпад и општата чистота, да поставувам табли со ознаки на патиштата или пак да уредувам постоечки земјани патишта кои ги поврзуваат нивите и селата како патеки за велосипедисти и пешаци (она што го има да речеме во една Тоскана или Умбрија). Даноците ги плаќаме ние граѓаните токму за такви инвестиции/одржување за кои политичарите не треба да се фалат, бидејќи за тоа ги плаќаме. Инвестициите треба да бидат дури и повеќе насочени кон руралните средини, од една проста причина да се мотивираат луѓето да живеат во селата и да ги развиваат (производство на храна) наместо да се селат во градовите.
Сместувањето можете да го најдете го категоријата ПРИВАТНИ СМЕСТУВАЊА НА КАЈАК.МК во регионот на Чашка.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Празнични денови – идеални за еднодневен излет низ Македонија
Искористете ги празничните денови за еднодневен излет низ Македонија. Откријте атракции, гастрономии и идеи за авантура на kajak.mk.
Кафе културата во Македонија – автентично искуство за секој турист
Откријте ја автентичната кафе култура во Македонија. Пробајте густо турско кафе, искусете го ритуалот на подготовка на песок во Старата скопска чаршија и почувствувајте ја душата на земјата.
Дониравме 350 килограми храна за бездомни кучиња и ја реализиравме првата тура со бездомни кучиња на нашиот нов тим билдинг со Singular
Тим билдинг преку кој Дониравме 350 килограми храна за бездомни кучиња и ја реализиравме првата тура со бездомни кучиња
Есенски моменти во Градскиот парк Скопје 2025
Локалните жители и туристите ја избираат зелената оаза во центарот на Скопје за пешачка прошетка, рекреација и визуелна инспирација во есенските денови.
Винските региони на Македонија: потенцијал за викенд туризам
Истражете го потенцијалот на винските региони на Македонија за викенд туризам. Откријте како природата, културата и локалната гастрономија создаваат автентични искуства за кратки патувања.
Тим билдинг на компанијата Immomates исполнет со многу предизвици и забава
Тимот на Кајак.мк повторно покажа дека тим билдинг настаните можат да бидат искуство за паметење!
