05.09.2022
Се преселивме од село Бохула во село Марена каде изградивме наша винарија
Се преселивме од село Бохула во село Марена каде изградивме наша винарија
Во светот на Кајак.мк ќе наидете на еден куп мали семејни винарии, кои за разлика од дел од останатите промотори, тимот на Кајак.мк им дава подеднакво значење. За нас секоја мала винарија заслужува да биде видена, доживеана и испромовирана. Како што велат наши вински познавачи, големите винарии во Македонија се промотерите и амбасадорите на Македонија низ светот, но малите винарии се душата на македонското вино.

Денеска сме среќни што нашата база „Гастрономија“ ја надополнуваме со уште една мала семејна винарија која е сконцентрирана во прекрасното тиквешко селце Марена.

Тимот на Кајак.мк разговараше со господинот Сашко, човекот кој ни ги отвори вратите од својата винарија и му посака добредојде на нашиот свет. Сашко ни ја раскажа приказната за настанокот на винаријата, односно патот по кој чекорело неговото семејство.

По потекло се од Бохула, село кое се наоѓа од десната страна на реката Бошава и на надморска височина од 900 метри. На своја 6 годишна возраст, неговиот татко Душко заедно со својата фамилија се доселува во село Марена каде гради куќа и започнува нов живот. По 30 години работа со лозарство, Душко одлучува својата селска куќа во Марена да ја преуреди во мала винарија каде ќе го одгледува и преработува грозјето. Со промената на законот за винарии, денеска винаријата „Ерос“ е регистрирана мала семејна винарија.

За семејна винарија се грижи Сашко и Душко, кои се одлична комбинација од татко и син или комбинација од долгодишно искуство и желба за експериментирање. Винаријата „Ерос“ има дострел од 12.000 литри вино во текот на една година.

Еден дел од лозовите насади се во сопственост на фамилијата на Сашко и се органски, а другиот дел се изнајмени. Сите ги одгледуваат и преработуваат на ист начин. За Сашко најважно е да го зачуваат и подобрат биодиверзитетот. Тој вели дека не ги третираат плевелите, тие се во симбиоза со лозата, што придонесува за зголемен број на инсекти и микроорганизми во почвата, а богата почва е здрава почва, со тоа и здрав производ.


Официјално започнуваат со работа од 2005-та
година, а претходно произведувале вино за домашни потреби.
Денеска винаријата „Ерос“ е горда на својата палета која е составена од 10 вина и тоа „Stellar темјаника“, „П'на месечина мускат отонел“ и „Пилигрим совињон бел“, која берба се одвива навечер. Овде се и „Талисман Жилавка“, „Шардоне суво и полуслатко“, „Ева Бела Станушина„ „Розе Ева Станушина“ и „Адама Црвена Станушина„, како и „Вранец со 16.5% алкохол“. Начинот на производство е со минимални интервенции, а секое вино е со свој белег.



Во производството Сашко е заедно со неговиот
татко што за него е одлична комбинација од стара школа и желба за
експериментирање.
Сашко вели дека
секој кој е заинтересиран за несекојдневна винска прошетка е добредојден.
Доколку сакате
контакт од винаријата, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!