24.04.2023

Прекрасната дрвена вила со панорамски поглед кон Охрид е подготвена за новата сезона

Прекрасната дрвена вила со панорамски поглед кон Охрид е подготвена за новата сезона

Нашата уникатна вила „Cityview Ohrid“ се обновува и проширува со нов дополнителен сместувачки капацитет. Сместувањето е идеално за луѓе кои сакаат да уживат во прекрасниот поглед на градот Охрид и езерската ширина.


Апартманите се наоѓаат на падините на Националниот парк Галичица кон с. Рамне, на 900 метри надморска височина.Толку мирно, планина, фантастична панорама на Охрид и Охридското езеро од 900 м.н.в, а сепак на само 4 километри до центарот на Охрид. Исто така, тука ќе имате можност да уживате во погледот на најубавите зајдисонца во текот на целата година. Вилата Cityview располага со три апартмани, еден двособен на приземје и два еднособни на прв кат. двособниот е опремен со еден дупли кревет и два лежаи на пуштање, еднособните се со француски лежај и двоседи на пуштање.


Апартманите Cityview се опкружени со природата на НП Галичица,одалечени само 4 км од центарот на градот,  нудат прекрасен поглед кон Охрид и Охридското езеро, со можност за тишина и релаксација каква што заслужувате. Внатрешноста ќе ве изненади, а исто така и фактот дека ова куќичка е Pet-friendly. Апартманите имаат дневна соба, опремена мини кујна, спална соба, бања, тераса со поглед и паркинг простор. Опремени се со инвертери, телевизори, Wi-Fi, кабловска и огромен двор во кој има базен кој може да се користи во летниот период, дополнето со скара на дрва.


Во близина на апартманите де наоѓа село Рамне, каде што е изградена втората хидроцентрала во Македонија, која гункц и ден денес со мал капацитет. Селото Рамне е познато по тоа што тука е напишан познатиот Болоњски (Рамненски) псалтир , во 9 век кој денес се наоѓа во Болоња.

Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!