14.05.2021

Нови апартмани во Охрид достапни за изнајмување

Нови апартмани во Охрид достапни за изнајмување

Подготвени сте за патување во Охрид? Секако дека да! Ограничувањата за движење и патување полека се олабавуваат, што ни навестува дека ни доаѓа едно добро и среќно лето.

Сите во тимот на Кајак.мк се среќни што туризмот ќе може да ги рашири своите крила и ќе уживаме слободно во топлите денови.


Среќни сме што расте базата на Кајак.мк и што интересот кај македонските туристи да ја истражуваат Македонија е се поголем.

Денеска ве запознаваме со домаќинката Драгица чии апартмани во Охрид од денеска се дел од нашата база.

Овие апартмани се идеални за луѓето кои не сакаат многу експериментирање за време на патувањето, односно бараат уникатни, едноставни и комфорни сместувања.


Предноста кај апартманите на Драгица е тоа што се наоѓаат во нова и модерна зграда и се лоцирани недалеку од кејот на Охридското езеро. Ние не би биле Кајак, ако не споменеме дека ова за нас претставува идеална можност за утринско џогирање по кејот на езерото, нели Драгица вели дека концептот на сместувањето опфаќа туристи од сите возрасти.


Самата зграда има подземна гаража каде може да се оставаат велосипедите на гостите (доколку некој се одлучи за велосипедизам низ Охрид). Самата зграда има уредно среден двор со летниковец кој може да го користат гостите. Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.