05.07.2021

Мотел на Пониква кој го складира етното и модерното во еден сад

Мотел на Пониква кој го складира етното и модерното во еден сад

По стресниот период кој ни беше секојдневен пријател во текот на изминатата година, но и топлото сонце кој секојдневно го грее градскиот бетон, може да кажеме дека заслужуваме еден добар викенд на Пониква. Местоположбата на Пониква е идеална! Мора да се согласите дека е достапна секого, а сместувачкиот капацитет кој е распространет на планината одговара на сечиј џеб.


Нашиот тим ве информира дека мотелот „Изгрев“ кој е дел од нашата база може да се пофали со нови и реновирани соби за сместување. Со развојот на мотелот и напредокот на менаџментот, овој мотел овозможи редовните и новите гости да престојуваат во модерни и чисти соби.


Но она поради кое многумина од вас би се одлучиле да престојуваат на Пониква е секако буковата и елова шума која нуди свежа сенка во текот на денот и пријатни ноќи за спиење. 


Мотелот располага со уреден двор во етно стил, каде се наоѓа ресторанот кој служи традиционални македонски специјалитети. Амбиентот на ресторанот и секако на мотелот играат клучна улога зборуваме за уникатно сместување. 


Етно стилот, украсите, орнаментите кои имаат своја историја му даваат чуство на секој гостин дека патува низ историјата. Домаќинот Војо вели дека мотелот е идеалне за секој гостин. Од фамилијарни викенд патувања, до престојување со друштво или со вашиот сакан или сакана.


Секоја од просториите е опремена со се што му е потребно на еден патник, а услугата е достапна во секое време. Кога веќе спомнавме услуга, совет од тимот на Кајак.мк е да дегустирате „Ребро во фурна“ кое е вистински ремек дело на готвачите. Покрај реброто, секако овде е и плескавицата „Мечкина шепа“, „Кебап султан тепе“ кој се подготвува во земјин сад. 

Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии каки контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!