18.03.2020

Димитров апелира да не се патува: Не гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома

Димитров апелира да не се патува: Не гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома

Појавата на Ковид-19 коронавирусот предизвика затворање на аеродроми и промени на граничните режими низ светот. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, синоќа повторно упати апел до граѓаните да се воздржат од патувања во странство. Истакна дека од завчера на пладне до вчера наутро, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1331.

Димитров истакна дека состојбата е алармантната насекаде и предупреди на проблеми со кои граѓаните може да се сретнат при патувањата.

„Државите спуштаат рампи постојано, се затвораат аеродроми, се менуваат граничните режими, се забранува влез на странски државјани, се менуваат правилата на секои неколку часа. Имаме граѓани по разни аеродроми, со откажани летови, со откажан бординг бидејќи земјата на дестинација одлучила да дозволи влез само за своите државјани. Имаме луѓе со коли во колони во Словенија, во Австрија, во Хрватска … Пуштаме дипломатски ноти со лични податоци на нашите граѓани врз основа на нивните телефонски разговори со кризниот тим во МНР. Некои конзуларни барања успеваат, некои не. Ние имаме контрола само врз своите, македонските граници. Ние не ги контролираме границите на други држави“, апелира Димитров.

„Во услови на ваква огромна глобална криза предизвикана од пандемијата на вирусот, со целосна непредвидливост на дневна основа, ние апсолутно не можеме да гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома тогаш кога сте планирале“, истакна тој.

Согласно владината одлука, од ноќеска на полноќ со работа прекинува аеродромот во Скопје. Оваа доаѓа откако пред три дена беше затворен и аеродромот во Охрид, како дел од мерките за превензија од коронавирусот.
Извор: https://www.radiomof.mk/dimitrov-apelira-da-ne-se-patuva-ne-garantirame-deka-kje-mozhete-da-si-dojdete-doma/?fbclid=IwAR16yL0jb4gHVBs02OB33titrU9DqRwJCf82cfFwCleFWBZgPAMOyuLT5YA

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?