03.07.2024

За првпат во Македонија: Дрвени бунгалови со базен во село Стрезовце

За првпат во Македонија: Дрвени бунгалови со базен во село Стрезовце

Тимот на Кајак.мк има само една цел од своето постоење, а тоа е да ви докаже дека и во Македонија има уникатни места каде може да побегнете со вашето семејство, пријатели, роднини или колеги од работа. Уникати места, достапни за сечиј џеб, односно за секој кој работи напорно и бара прилика да ги наполни батериите барем еден викенд од годината.

Доколку сакате повеќе детали и сакате да извршите резервација кликнете ОВДЕ.


Денеска ве водиме во село Стрезовце, село на 18 километри од Куманово, на самиот пат кој води кон Крива Паланка. Токму на самата периферија на селцето се отворени нови дрвени куќички, кои како целина градат комплекс уреден со надворешен базен и летниковец со ресторан во кој можете да уживате во текот на летните жешки денови.


Комплексот има три сместувачки единици, односно три дрвени куќички, од кои две се студиа, а третата куќичка е со две спални соби. Вкупен број на гости кои може да се сместат овде е 14 лица, што ви отвара можност да го организирате цело ваше друштво на едно викенд патување.


Секоја опремена со клима уред, нови и чисти постелнини и пешкири, како и целосно организиран простор со паркинг, базен и ресторан. Базенот е со димензии од 12x6, а покрај базенот има и летниковец со фурна и скара за максимално уживање на гостите.

Сигурни сме дека сакате повеќе информации и фотографии. Доколку сакате повеќе детали, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Bojan Dimovski

    28.08.2024 17:22

    Ve molam broj za kontakt

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.