28.03.2022
Засадени нови 1500 дрвца: Многу насмевки, спомени и сонце
Засадени нови 1500 дрвца: Многу насмевки, спомени и сонце
Во пресрет на 26-ти март, датум кој светот го одбележува како ,,Интернационален ден за садење медоносни растенија", тимот на Кајак заедно со компанијата „БтоБет“ засадија нови 1500 багремови дрвца, во знак на отпочнување една нова еко приказна и создавање подобра иднина за новите генерации.

Ние сме среќни што запознавме толку позитивни, млади и амбициозни луѓе кои се дел од „БтоБет“ и драго ни е што компанијата „БтоБет“ стана дел од нашето големо семејство еко одговорни компании. Со засадувањето на 1500 дрвца компанијата ни се приклучи во битката за зачувување на животната средина.

По акцијата за пошумување заедно со нашиот нов локален херој Мартин, прошетавме низ бислимската клисура, област која според нас ги чека своите славни денови. Оние коишто досега ја немаат посетено клисурата, наш совет е да одвојат ден за истражување на регионот.

Патеката низ клисурата започнува од село Пчиња. Ова селце се наоѓа во прекрасна област. Низ него поминува истоимената река Пчиња, која за жал на одредени места се гуши од диви депонии кои се дело на несовесните граѓани.

Се надеваме дека апелот на Кајак и волјата на многу компании да ја развиваат еколошката свест, ќе допре до секој поединец да ја штити и негува животната средина. Сметаме дека нашата енергија е посилна од несовесноста на одредени поединци загадувачи и дека ќе успееме да ги запреме од несовесното фрлање отпадоци.


Денот ни заврши со пикник на отворено во дворчето на нашите нови домаќини, семејството Митевски кои нè нагостија со домашна традиционална храна, подготвена од локални продукти. Семејството Митевски важи за еден од најголемите производители на грав и бел сончоглед во Македонија и драго ни е што од денеска е дел од нашите гастрономски дестинации. Во дворчето највредна беше Симона, најмалиот член на фамилијата која неуморно си ја одработи својата задача.


„БтоБет“ е уште една компанија херој која ги засука своите ракави и се вклучи во нашата еко кампања. Нивна акција за пошумување ќе ја паметиме по младиот дух на вработените кој зрачи позитива.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од
настанот, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Мила Гулеска-Ноневска
30.03.2022 08:03
Двајцата со сопругот, пензионерски, патуваме низ Македонија. Ама скоро секој ден сме низ Преспава (живееме во Ресен). Па нема педа простор што не е изгнасен!!! Жалам, но ни нема спас. Едни чистат, сто и едни се невоспитани. Се дави нашето езеро од загадените притоки полни со селско ѓубре, од распаднати јаболка, до амбалажа од препаратите за хемиски третман на овоштарниците... Ви честитам, ама не сум оптимист.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.