31.05.2022
Со АТВ возила ги истражуваме убавините на Охрид и Галичица
Со АТВ возила ги истражуваме убавините на Охрид и Галичица
Уште една одлична
атракција која мора дефинитивно да биде на вашата летна агенда. Тимот на Кајак
е среќен да ве извести дека од денеска во нашата категорија „Каде Овде“ може да
ги најдете и АТV CENTER BY PARK DIAMOND.
Како што ни велат организаторите, станува збор за авантуристичко искуство на кое не може да му одолеат најголемите авантуристи.

Центарот нуди
повеќе опции на располагање, во зависност од вашето искуство и вашето расположение
за возење.
- Првата тура е со
професионален водич и е во траење од 2 часа.
Со атв моторите се посетуваат село Велестово, Шипокно и Коњско. Вкупното растојание е 20 километри, а за време на турата имате вклучено безалкохолни пијалоци. Цената за едно лице е 50 евра, а за 2 лица на едно атв возило е 65 евра.

- Втората тура е со професионален водич и трае 4 часа. Се посетуваат Велестово, Крстец, Асан Џура, а вкупното растојание е 40 километри. За време на турата имате вклучено пакет ручек и безалкохолни пијалоци. Цената е 95 евра за едно или 115 евра за две лица на едно атв возило.

- Третата тура е со
професионален водич и во времетраење од 6 часа. Со ова тура се посетуваат
Велестово, Крстец, Асан Џура, Трпејца каде имате поглед кон двете езера, Пештани
и Лагадин. Вкупното растојание на турата е 90 километри. Цената за едно лице е
130 евра, а за две лица 155 евра на едно атв возило.

На располагање е „Ноќна
тура“ со професионален водич во времетрање од 2 часа. Се посетуваат Велестово
со поглед кон охридското езеро, цената за едно лице е 30 евра, а за две лица е 40
евра на едно атв возило.
Покрај наведените тури, постои можност и за приватна тура која самите ја организирате, а ова тура е 50 евра за едно или две лица на едно атв возило.
Од центарот ексклузивно дознаваме дека за првпат ќе воведат тура од Охрид до Ресен преку планина каде ќе биде организиран и ручек во етно ресторан.
Доколку сакате
директен контакт за резервација и повеќе информации, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.