26.05.2022
Дали сте го посетиле село Беловиште и Бела Виста?
Дали сте го посетиле село Беловиште и Бела Виста?
Угостителскиот објект „Бела Виста“ која од денеска е дел од нашата
база на гастрономија е причина плус поради која треба да го посетите селото
Беловиште.
За селото ќе кажеме само едно, заѕидено во прекрасно природно опкружување, со прекрасен поглед кон Љуботен и со прекрасна надморска височина која на некој начин претставува и природна воздушна бања.

За оние кои за првпат се среќаваат со селото, а и со ресторанот
Бела Виста, еве неколку инструкции за тоа како да се стигне до овде.
До селото се пристигнува по регионалниот пат Тетово-Јажинце, на 20 километри
оддалеченост. Од левата страна е влезот на селото, низ кој ќе наидете на
патокази кои водат до ресторанот.

Беловиште името го добило по беложолтата боја на глината што
ја има на една падина над селото.
Ресторанот Бел Виста пак, постои од 2012 година, кога и започна приказната за развивање на рурален туризам и искористување на убавините кои ги нуди самата локација.

Домаќините кои ја
отворија вратата за светот на Кајак, велат дека она што го прави уникатен овој
предел е самата природа. Ресторанот е надвор од градскиот метеж, во чиста
околина и со вкусна храна која го прави уживањето незаменливо.
За оние кои ќе се одлучат да ја посетат оваа гастрономска дестинација, треба да ги имаат на ум следните специјалитети на куќата: Роловано ребро од фурна и свежа пастрмка од сопствен рибник приготвена на скара.
Доколку сакате повеќе информации и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Buco Monic
30.05.2022 02:12
Prelep restorant bravo za gazdite
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.