Бела Виста: Беловиште

Каде во Тетово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Доколку се одлучите да го посетите местото, наш совет е да направите претходна резервација на: 078/500-414

Угостителскиот објект „Бела Виста“ која од денеска е дел од нашата база на гастрономија е причина плус поради која треба да го посетите селото Беловиште.

За селото ќе кажеме само едно, заѕидено во прекрасно природно опкружување, со прекрасен поглед кон Љуботен и со прекрасна надморска височина која на некој начин претставува и природна воздушна бања.

За оние кои за првпат се среќаваат со селото, а и со ресторанот Бела Виста, еве неколку инструкции за тоа како да се стигне до овде.
До селото се пристигнува по регионалниот пат Тетово-Јажинце, на 20 километри оддалеченост. Од левата страна е влезот на селото, низ кој ќе наидете на патокази кои водат до ресторанот.

Беловиште името го добило по беложолтата боја на глината што ја има на една падина над селото.

Ресторанот Бел Виста пак, постои од 2012 година, кога и започна приказната за развивање на рурален туризам и искористување на убавините кои ги нуди самата локација.

Домаќините кои ја отворија вратата за светот на Кајак, велат дека она што го прави уникатен овој предел е самата природа. Ресторанот е надвор од градскиот метеж, во чиста околина и со вкусна храна која го прави уживањето незаменливо.

За оние кои ќе се одлучат да ја посетат оваа гастрономска дестинација, треба да ги имаат на ум следните специјалитети на куќата: Роловано ребро од фурна и свежа пастрмка од сопствен рибник приготвена на скара.

Доколку се одлучите да го посетите местото, наш совет е да направите претходна резервација на: 078/500-414

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар