08.06.2023

Младиот Мирон Тасевски со своја семејна винарија во Скопје

Младиот Мирон Тасевски со своја семејна винарија во Скопје

Ако до вчера пишувавме за семејни винарии кои претежно се наоѓаат во централна Македонија односно во Тиквешкиот регион, денеска тимот на Кајак.мк ќе ви ја раскаже приказната на Мирон Тасевски кој како млад винар со само 27 години, одлучува да отвори своја мала семејна винарија во скопската населба Ченто.


Кајак.мк е во постојана потрага по нови локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот во Македонија, па оттука може да кажеме дека Мирон е нов на нашата листа на млади луѓе со светла иднина.

Мирон за Кајак.мк вели дека малата семејна винарија ја отвора во 2019-та година. Ваквата храброст му доаѓа од повеќегодишното практиканство и работно искуство во разни мали артисан финарии, но и во големи вински индустрии со големи количини вино. Тој е дипломиран енолог на Земјоделскиот факултет „Кирил и Методиј“ што му дава можност да биде главниот енолог во својата винарија.


По стекнатото искуство, Мирон одлучува да направи важен чекор во својот живот и да отвори своја мала семејна винарија именувана како „Винарија Мирон“. Винаријата денеска има палета од две сорти црвено вино: Вранец 2019-та кој го освојува златниот медал во категоријата на црвени вина на натпреварот „Винотек 2020“ во Кавадарци, како и „Каберне Сувињон 2021“, кој освојува второ место на истиот натпревар во 2021-ва година.


Како што расте бројот на награди и признанија, така растат и стремежите кај Мирон. На есен винаријата ќе ја збогати својата палета со бело вино, а ќе го зголеми и производството на веќе постоечките сорти вино. Винаријата има цел да го искористи сето грозје од кое прави вино, со тоа што во својата понуда додава и природен гроздов маџун и пастеризирана шира која е безалкохолна и без додаден шеќер.

Во моментов Мирон е на усовршување во една од најголемите винарии во Нов Зелан, винаријата ВинЛинк каде што стенува светско знаење за филтрацијата на виното.


Доколку сакате да му ја дадете поддршката на Мирон, тимот на Кајак.мк ве охрабрува да стапите во контат со винаријата. Повеќе информации  и фотографии можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!