29.03.2022

Дали сте слушнале за рестораните на село Белица?

Дали сте слушнале за рестораните на село Белица?

Доаѓаат топли и сончеви денови! Не можете да нè убедите дека би сакале да бидете затворени дома за викенд, а надвор да грее сонце! Секое човечко битие сака сонце, чист воздух и уживање во природа со најблиските. Поради ваквите причини ние во Кајак имаме турбо работа во наредниот период, се со цел да ве запознаеме со сите можни опции кои ги имате за викенд патувања низ Македонија.


Денеска ќе ве запознаеме со рибниот ресторан „Белица“ кој стана дел од нашата база на „Гастромонија“, а која база ја надоградуваме се со цел да ги потикнеме гастрономите повеќе да патуваат. Ова место се наоѓа недалеку од езерото Козјак, во прекрасна природа.


До него може лесно да се пристигне доколку се патува преку Македонски Брод, а сигурно ќе кажете дека би биле уморни доколку патувате толку долг пат. Од тие причини, домаќините на ресотранот имаат отворено свои соби за престој, како би им овозможиле на гостите да уживаат во природата подолго време. Сместувањето исто така од денеска е дел од нашата база, а кое можете да го погледнете со еден клик ОВДЕ.


Ресторанот Белица постои од 2011-та година. Станува збор за фамилијарен бизнис кој е фокусиран на одгледување пастрмка. Со оглед на поволната местоположба и прекрасната природа домаќините одлучиле да го прошират својот бизнис и да отворат рибен ресторан и сместување. Станува збор за најголемиот рибник по површина во Македонија, а во рибникот може да се најдат калифорниска, речна, црвена и охридска пастрмка.


За оние кои првпат слушаат за село Белица, ова селце се наоѓа во околината на Македонски брод во близина на езерото Козјак. Одалечено е 65 километри од Скопје преку „Јасен“ преминот „Кула“.


Фото:Ehrlich91

Низ селото тече реката Белица, којашто е притока на реката Треска. Реката претставува заштитен споменик на природата.

Во близина на селото постојат бројни подземни пештери, кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореографија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница.

Доколку сакате контакт за резервација во ресторанот и точна локација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија