23.01.2021

Резервирајте ја вила на облаците на Копаоник која има одлична оценка

Резервирајте ја вила на облаците на Копаоник која има одлична оценка

Друштво. Време е да појдеме на Копаоник. Патувањето од северната граница на Македонија до Копаоник е само 4 часа, а поминувањето на границата е без PCR тест, што ви дава одлична можност да го посетите најдобриот ски центар во Србија кој се издигнува на надморска височина и до 2017 метри. 


Нашата база со приватни сместувања започнува да се надополнува и со вили во кои можете да престојувате на Копаоник. Денеска ве запознаваме со вила Моцарт. Овој објект гостите го нарекуваат „Вилата во облаците на Копаоник“. 

Вилата се наоѓа во туристичката населба „Чакетинска Чешма“ која важи за место кое може да си го дозволи секој патник. Она што нашиот тим мора да ви го потенцира се коментарите од презадоволните гости кои споделуваат прекрасни коментари за сопствениците. 


Јелена која е сопственичка на вилата за себе вели дека е страсен љубител на Копаоник и дека нивен проиритет им е да го престават Копаоник во најдобро светло и да ги натерат гостите да се вратат повторно. 


Вилата Моцарт е новоизграден објект. Сè е ново во апартманите, почнувајќи од мебелот, садовите, постелнините, крпите. Апартманите имаат дигитална телевизија и модем за wi-fi. 


Вилата има свој ресторан со стаклен поглед кон прекрасните планински пејсажи, а ресторанот приготвува вкусна традиционална храна. Оттука замислете како после скијањето или целодневното пешачење на чистиот воздух, вие уживате во топлата атмосфера на ресторанот каде се слуша звукот од крцкањето на каминот. 


Што е важно да знаете. Вилата се наоѓа на 150 метри од автобуската постојка каде застануваат автобусите кои водат горе до ски центарот. Во непосредна близина на вилата имате спа каде може да уживате, ресторан и кафуле. 


Вилата е оддалечена 2,3 километри од жичарницата и 5,5 километри од ски центарот. 

За сопствениците на домашни миленици, ова вила им дозволува влез, секако доколку патувате со сопствен превоз. 

Информации и резервации на: 076791157

Доколку сакате повеќе информации, цени и фотографии, кликнете ОВДЕ.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!