16.03.2023
Започнавме со организирање на тури со уникатни снежници
Започнавме со организирање на тури со уникатни снежници
Денеска, сакаме да ве запознаеме со она кое ние одамна очекувамве да отпочне да се реализира во Македонија, а тоа се планинските снежни тури кои им овозможуваат на посетителите на Националниот парк Маврово да ја искусат убавината на природата во текот на зимската сезона на иновативен начин, со помош на додатоци за чевли- снежници.
Нашите домаќини од планинарскиот дом Царевец со кои дирекно ќе ве позврзиме да стапите во контакт со еден клик ОВДЕ, велат дека ваквите тури со снежници стануваат популарни активности за луѓето од сите возрасти и фитнес нивоа.

“Возбудени сме што сме првите кои ја нудиме оваа зимска активност на посетителите на Националниот парк Маврово. Планинарењето со снежници е голем хит во светот и се повеќе луѓе ја практикуваат оваа активност затоа што се потпира на принципот ‘leave no trace’ – што значи вашето движење низ недопрената природа да не остава трага. Планинарењето со снежници е целосно еколошка форма на туризам. Ние се надеваме и веруваме дека со воведување на посетителите во одржливи туристички практики, сите заедно ќе помогнеме да се создаде поодржлива иднина за регионот“ – велат Соња и Владица.

Дополнително, планинарењето со снежници може да биде и многу авантуристичка активност, доколку групата е подготвена за скијање или сноубординг во ‘free ride’ услови, а учесниците не поседуваат туринг опрема. Снежниците овозможуваат брзо и лесно да освоите стрмна падина.

Во планинарскиот дом Carevec Mountain Hut, каде е
седиштето на Маврово365, можете да изнајмите опрема и да си направите прошетка
со снежници во околината или да резервирате тура со водич и да ги доживеете
снежните врвови на Бистра. Од
организацијата велат дека турата може да се прилагоди на физичката подготвеност
и расположението на групата, а дека тие нудат 3 варијанта на турата (лесна тура
со времетраење од 2 часа, средно тешка тура со времетраење од 3 часа и тешка
тура со времетраење од 3до 5 часа).
Повеќе информации и контакт од Соња и Владица можете да најдете со еден
клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!