28.02.2024
Во Македонија има луксузен етно комплекс со дрвено џакузи под отворено небо и руска бања
Во Македонија има луксузен етно комплекс со дрвено џакузи под отворено небо и руска бања
Еј луѓе, патувачи на Кајак.мк. Дали некогаш сте посакале да престојувате во македонско село кое брои само 5 жители, а вие да бидете во сместување кое е целосно изолирано во тишина и спокој од сите страни?

Од денеска преку Кајак.мк можете да го резервирате новиот луксузен етно комплекс кој располга со сопствена сауна, традиционална руска бања и џакузи под отворено небо. Бидејќи во моментот имаме промо цени, КЛИКНЕТЕ ОВДЕ за да извршите резервација за некој од престојните викенди.

Етно комплексот се наоѓа во Село Црвулево на надморска височина од 400 метри, а одалечено на еден час возење од Скопје.

Етно комплексот нуди сместување со вклучен појадок, како и термин во руската бања. Новите и уникатни апартмани се опремени со тоалети и бањи, целосно опремени кујни, а четири од нив имаат и камин печка, оделни спални соби, ТВ, Wi-Fi и дневен престој.

Тимот на Кајак.мк им го препорачува ова сместување на луѓето кои сакаат да се релаксираат и одморат. Бараат дестинација на која ќе доживеат нови и уникатни моменти.

Во склоп на комплексот има традиционална руска бања и соба за дружење и отворено дрвено џакузи. Местото е изолирано во прирда, а пред самото сместување има поточе што дава уникатен шум.

Компексот нуди потполна интимност и приватност за сите оние кои сакаат да побегнат од градските гужви и загадениот воздух. Сместувањето има заедничка професионална кујна/ресторан само за гостите на комплексот, домашна и органска храна од околните села, како и вински подрум со асортиман на квалитетни премиум македонски вина.
За повеќе информации, фотографии и опција за он-лајн резервација КЛИКНЕТЕ ОВДЕ.
Коментари
-
Емилија Куртеска
04.03.2024 15:39
Браво..многу убаво..со среќа
-
Vskresija Boeva
02.03.2024 16:30
Vaka kako go gledam prekrsno,sigurna sum deka tamo dy e čovek e uste poubavo. Bravo sekoja vi cest.mnogu uspeh vo rabotenjeto i se nadevam ke ve posetime
-
Антина Стојановска
01.03.2024 22:43
Многу многу убаво❤️
-
Metodija Bogeski
01.03.2024 12:54
Na izgled mnogu ubavo. Za da proverime ce Ve molam edna ponu za 2 lica, za tri dena. Ponudata ispratete mi ja na ovaa e-mail adresa. Blagodaram za razbiranjeto.Pozdrav.
-
kostoski ljubomir
29.02.2024 11:46
Dali vo neposredna blizina na objektot ima vestacko ezerce. Pozdrav,
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)
Летните одмори стануваат значително поскапи: што ја крева цената на патувањата во 2026
Летните одмори во 2026 година стануваат поскапи од претходните сезони поради раст на цените на авионските билети, сместувањето и зголемената побарувачка. Оваа анализа објаснува кои фактори најмногу влијаат на туристичките трошоци и што можат да очекуваат патниците при планирање на своите летни патувања.