16.11.2022
Изградив еколошка куќичка која е достапна за изнајмување
Изградив еколошка куќичка која е достапна за изнајмување
Можеби ова е
првото специфично место кое ние од Кајак.мк би го нарекле објект за сместување
и престој и би го додале во нашата база на приватни сместувања.
На самиот старт од лансирањето на платформата Кајак.мк си ветивме дека ќе бидеме будни трагачи по уникатните места и уникатните приказни на локалците во Македонија кои вреди да ги запознаете.
Денеска, во базата на Кајак.мк може да најдете еден куп уникатни сместувања и многу локални мештани кои имаат свои приказни интересни за раскажување.

Денеска, во
светот на Кајак.мк ни се приклучува Димче Ацков, човекот кој го живее сонот за
пространост, мир, тишина и слобода.
Димче има своја
уникатна приказна, има своја огромна заслуга кога станува збор за промоцијата и
развојот на туризмот во регионот на Велес. Димче за нас е човек кој неуморно
вложува од својата љубов кон изградбата на првото еколошко село во месноста Долно
Оризари која се наоѓа на 4 километри од градот Велес.
Димче веќе може да се гордее со она кое го има изградено. Може да се гордее и со сите работилници кои ги има реализирано, а ние се гордееме што неговата еколошка куќа од денеска е дел од базата на Кајак.мк

Оваа еко куќичка
е идеална за дневни посети, супер место да ги одведете вашите деца на
едукативна тура, да го запознаат Димче и да научат многу работи за тоа како
може да се искористат природните ресурси кои ни ги дарува земјата и како може
да живееме во мир и хармонија.
Димче честопати организира отворени викенди, каде секој кој е заинтересиран може да ја посети локацијата.

За оние кои се
чувствуваат доволно авантуристи, Димче вели дека може слободно да останат на
ноќевање. Куќичката има голема пространост, а во дневниот престој има изграден
уникатен камин на дрва кој служи за греење преку зима.
Димче вели дека еколошката куќичка ја градел во текот на летните периоди и ја градел сам, без механизација и во слободно време. За да ја заврши му биле потребни неколку лета, или ако ги собере сите денови вложени за изградбата, тоа се вкупно 6 месеци за да ја изгради.

Во најголем дел изградена е од земја и рециклирани материјали. Преку овој метод, Димче вели дека секој може да се увери дека можно е да се изгради куќа од земја и од работи кои ги фрлаат луѓето.

Куќата соодржи една голема или главна куполта која има 30 квадратни метри и две мали простории од по 6 квадрати. Дневната светлина се добива од два прозори кои се наоѓаат во големата куполта и по еден во малите помошни простории.

Сигурно сте
заинтересирани како изгледа внатрешноста на објектот. Во главната куполта има
уникатен под направен од глина, камин и место за седење за 4 лица. Доколку
сакате да погледнете повеќе информации за внатрешноста, точната локација,
повеќе фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?