12.04.2022
Ноќевање на едрилица достапно на Кајак.мк
Ноќевање на едрилица достапно на Кајак.мк
Тимот на Кајак.мк сака да Ви даде до знаење дека во Македонија може да имате доста уникатен викенд/патување доколку се чувствувате подготвени за такво доживување. Денеска во нашата база додаваме едно несекојдневно сместување во кое можете да уживате во приватност.
Не станува збор за отцепена планинска куќичка, туку за едрилица која можете да ја резервирате и да преспиете во неа.

Сопственикот и домаќин Будимир, кој ги отвори вратите на својата едрилица, за Кајак вели дека време е да им се посветиме на значајните моменти при патувањето и да го доживееме Охрид од една поинаква перспектива.

Сигурно се прашувате што сè е потребно за да може
да ја резервирате едрилицата за ноќевање?
Што се однесува до ноќевањето на езеро т.е. едрилица, резервацијата можете да ја направите преку комуникација со сопственикот, чиј контакт можете да го најдете ОВДЕ.

Check in за едрилицата се прави во Вила Мал Св. Климент која од денеска е дел од нашата база на приватни сместувања. Секој гостин кој ќе престојува во едрилицата е пријавен согласно законот за угостителство, а плаќа и туристичка такса во износ од 40 денари по лице, која се плаќа на сама рецепција од вилата и за тоа добива фискална сметка.

За почетници не е потребна никаква пловна дозвола за ноќевање на едрилица, бидејќи едрилиците се укотвени на пристаниште. Едрилиците се наоѓаат во близина на хотел Палас.

Едрилиците имаат спална и дневна соба, тоалет и умивалник, озвучување. Сопствениците велат дека се што е потребно од страна на гостите е нормално однесување, грижа кон езерото и опремата.

Она што го прави
ова сместување уникатно е прекрасното изгрејсонце кое можете да го доживеете во
фантастично опкружување со апсолутна тишина и спокој.
Доколку сакате контакт
за едрилицата, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.