26.04.2020

8 промени што можеме да ги очекуваме во туризмот по COVID-19

8 промени што можеме да ги очекуваме во туризмот по COVID-19

Една работа станува сосема јасна, а тоа е дека со COVID-19 ќе започнеме да живееме и другаруваме во нашето секојдневие, се додека не се открие вакцината. И покрај нормализацијата на ситуацијата во разни земји, треба да имаме на ум дека коронавирусот е се уште присутен помеѓу нас. Истото важи и за туризмот, на сите ни е сосема јасно дека нема да биде исто како претходно. Авиокомпаниите не се исклучок. Ова се неколку клучни промени коишто може да ги очекуваме во скоро време.

Цените/трошоците ќе се променат
Првото нешто што ќе забележите при резервација на авиобилет или било каков аранжман кој е со авиопревоз ќе забележите дека не е таа цената на којашто сме се навикнале. Можеби некогаш сме добиле навистина ефтини летови, но во блиска иднина имајте предвид дека авионите нема да се постојано полни со патници и баш поради тоа цената нема да биде иста. Секој би го избегнувал несуштинското патување. 


©Getty Images

Можно е никој да не седи до вас
Се шпекулира дека можно е авиокомпаниите да го исклучат средното седиште се со цел да спречат ширење на коронавирусот и да држат социјална дистанца помеѓу патниците. (На начин на кој досега функционираа бизнис класите). Но можеби ова и не е толку совршено, земајќи предвид дека патниците се сепак во еден затворен објект. Ова значи дека авиокомпаниите може да продават само две третини од седиштата во просечен Boeing 737 или Airbus A320, што би имало влијание на цените на билетите.

ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Се подготвуваат нови правила за авиопревозот

Очекувајте да ве задолжат да носите маска на лицетоносите маски за лице да бидат задолжителни
За маските пак, одредени велат дека штитат од инфицирање со коронавирусот, а други велат дека не треба да се носи, ако не сте инфицирани. Но сепак ние сметаме дека тие ќе бидат задолжителни при патување во група. Канада веќе ги задолжува луѓето да носат маски на аеродромите. 

Антибактериски гел за раце
Веќе имаме постојани совети дека треба да користиме средства за дезинфекција на раце. Но сепак можно е да се воведе како обврска при секое патување надвор од земјата.

Патниците најверојатно ќе бидат прегледувани за симптоми
Не очекувајте дека ќе може да се качите во авионот ако покажете треска или покажете некој од вообичаените симптоми на COVID-19. Во време на ексремно ограничување на патувањето, сведоци сме дека одредени земји ги проверуваат граѓаните на можни симптоми на коронавирусот, како што е мерење температура.


©Getty Images

Очекувајте уште построги тестови на некои места
Некои авиокомпании може да бараат - или да бараат да им се обезбеди - патниците да бидат тестирани на коронавирусот. „Емиратите“ веќе спроведуваат брзи тестови од крвта на нивните патници. Резултатите се готови за 10 минути. 

ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Од RyanAir велат дека доколку се принудени на „идиотско“ социјално растојание- тие нема да летаат

Бидете подготвени доколку авиокомпаниите и владите на земјите бараат нови дополнителни документации
Научниците секојдневно учат се повеќе за COVID-19, како се шири, а и како влијае врз луѓето, но и кој е најдобриот начин да се заштитиме.
Бидејќи продолжува напредокот на поединечни земји во забавувањето на процесот на ширење на вирусот во човечкото тело, тоа значи дека и постои можноста одредени патници, дали повозрасните, дали хронично болните, да им биде побарано да приложат одредена документација се со цел да може да се реагира доколку на истиот тој патник му биде влошена здраствената состојба. 

Очекувајте постојана неизвесност во целиот светот
Доколку сте фреквентен патник, доколку работите како туристички водич кој мора да патува од одредена до одредена дестинација, притоа менувајќи повеќе аеродроми, треба да имате предвид дека може да се соочите со блокади при патувањето. Различни земји ќе имаат различни барања, вам ви е битно да ги следите сите официјални соопштенија на земјите во кои треба да патувате за да можете да го организирате своето патување.
Cover: 
©Getty Images


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје


Зошто треба да го посетите турскиот брег ова лето!


Истанбул: Коронавирусот ги прекина моите тури за храна - но, се надевам на подобра иднина


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.

Ново на kajak.mk: Планинска вила со природен базен во срцето на Кожуф

Вила Кожуфски на планината Кожуф нуди современо планинско сместување со природен базен, билијард и Netflix кино искуство, идеално за семејства и мали групи во мирна природна средина.

Викенд дестинација што мора да ја видите: Лазарополе и Фестивалот на нарцисот

Овој викенд откријте една од најубавите планински дестинации во Македонија – Лазарополе на Бистра, каде цвета фестивалот на нарцисот и природата изгледа нереално.

Неделно откритие од Македонија: Спомен-костурницата во Велес како симбол на меморијална архитектура

Ова неделно откритие нè носи во Спомен-костурницата во Велес – монументален меморијален комплекс и пример на модернистичка архитектура што ја чува историјата на НОБ.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Домашен туризам во дигитална сенка: зошто младите гледаат кон светот, а не кон Македонија?

Додека светските туристички дестинации доминираат на социјалните мрежи, македонските природни богатства тешко стигнуваат до вниманието на младите. Зошто домашните приказни сè уште се борат со глобалните алгоритми?