18.02.2023

Запознајте ја Соња Димитровска: Жената која изработува еко восочни обвивки

Запознајте ја Соња Димитровска: Жената која изработува еко восочни обвивки

Низ Македонија сè зборува: Ако сакате позитивна приказна за убав и позитивен ден, тогаш отворете www.kajak.mk и запознајте се со луѓето во Македонија кои прават мали симпатични нешта кои развиваат локални и уникатни приказни.

Многу пати сме рекле дека Македонија е земја во која за да ви се остварат соништата потребно ви е доста време, многу од вас кои нè читате во моментов, можеби веќе сте некаде надвор од земјата, разочарани од она што сте го доживееле, но ние како тим секогаш велиме: Не оставајте ги позади себе вашите идеи и сето она кое некогаш сте сакале да го остварите.

За да ви бидеме реалната мотивација, ние отсекогаш сме сакале да ги раскажуваме позитивните приказни на луѓето во Македонија кои ја вложиле сета своја љубов и труд се со цел да создадат нешто по кое ќе бидат запаметени. На многу од луѓето сме им помогнале да им се зголеми продажбата, на многу од луѓето сме им биле гласен мегафон пред јавноста, а тоа нам нè прави многу среќни.

Денеска сакаме да ви раскажеме уште една позитивна приказна. Убава, шарена, еколошки одговорна приказна која плени со својата креативност.

Денеска ќе ви ја раскажеме приказната на пензионираната дипломирана економистка Соња Димитровска која целиот работен век била ангажирана во областана финансиите, но денеска им пркоси на бројките со својата креативна страна, за која како што вели таа, ја поседувала од секогаш.


Сoња за Кајак.мк раскажува дека љубовта кон природата и желбата за живеење во еколошки чиста животна средина, секојдневно ја инспирираат и го поттикнуваат нејзиниот порив за креирање и уживање во убавото. Веќе извесен период е посветена на нејзиното хоби- рачна изработка на еко восочни обвивки како еко амбалажа за повеќекратна употреба и замена на пластични и алуминумски фолии. ЕКО восочните обвивки се веќе добро препознатливи и луѓето навистина ги сакаат и употребуваат, додава таа.


Димитровска силно верува во колективната свест и во тоа дека секој индивидуален избор влијае на сите нас. Со вистински свесен избор за реупотреба на ресурсите, редицирање на пластичниот отпад, создавање на здрави животни навики можеме да живееме поквалитетно и подолго!


Идејaта за изработка на еко восочни обвивки произлегла од подарокот- восочна амбалажа кој за првпат го добива од нејзината внука која живее во Нов Зеланд. Со многу ентузијазам ја создадала ЕКО восочната обвивка од 100% памучен материјал и природен пчелин восок, на нејзин начин како амбалажа која ги заменува пластичните и алуминиумски материјали и може повеќекратно да се употребува до 1 година и повеќе. ЕКО восочната обвивка е еколошка, практична, со убав дизајн и лесно се одржува. Еколошките обвивки, Сoња вели дека се нејзината борба со загадувањето од пластика, создавање на отпад како и прекумерното трошење на храна.


Целокупниот процес на изработка на восочните обвивки е долготраен, ангажира значаен дел од слободното време на Сoња и бара голема посветеност. Со многу обиди и експерименти ја создала и усовршила нејзината уникатна техника за нивна изработка. Почетоците биле предизвикувачки. Потребно да се најде квалитетен памучен материјал, природен пчелин восок од локални македонски пчелари, начинот за соодветна подготовка и обработка на восокот и материјалите, вистинската постапка за импрегнирање на восокот врз материјалот. Ресурсите внимателно се избани и со многу ентузијазам ги создава и креира обвивките посебно, знаејќи дека во нејзините пензионерски денови прави нешто корисно.


Обвивките имаат идеална намена за чување храна, особено овошје, зеленчук, зачински растенија или леб. Обвивките „дишат“ и овозможуваат хранатa да остане подолго свежа, со што се намалува прекумерното фрлање храна. Особено се практични за одржување на свежината на половинки лимон, портокал, јаболко, авокадо, магдонос, целер, морков, кашкавал, леб итн. Тие може да се користат за пакување сендвичи, за покривање садови, за завиткување на цвеќе, и сл.


Единствено не ги препорачува во нив да се чува месо или сувомеснати продукти. Со топлината на дланките еко восочните обвивки омекнуваат, лесно се обликуваат според формата на она што се завиткува. Се одржуваат многу лесно, после секоја употреба може да се измијат во млака вода со благ детергент, природно се сушат и одново се подготвени за употреба. Многу е важно што заради антибактериските својства на обвивката овошјето и зеленчукот многу подолго траат. Во зависност од фреквентноста на употребата, откако обвивката ќе ја изгуби својата основна функција, може да се компостира.


Луѓето кои се интересираат за ЕКО восочните обвивки веќе ги препознаваат и применуваат концептите на рециклирање, реупотреба на ресурсите, редуцирање на пластичниот отпад. При комуникација со нив воодушевувачки е да се слушнат нивните практични секојдневни решенија за еколошко живеење како и тоа со колкава страст истото го пренесуваат на најмладите, на децата, вели Сoња. Верува дека со мала промена на секојдневните навики можеме многу да помогнеме, себеси и на околината.


Со вистински свесен избор и здрави навики можеме да живееме поквалитетен живот. Доколку се потрудиме малите еко навики да ги внесуваме во нашето секојдневие не само што ќе придонесеме за зачувување на животната средина од дополнителен отпад, туку и за значајна заштеда на парични средства. Всушност на секој чекор постои некој подобар избор. Потребно е секој од нас малку повеќе внимание да обрне на сето тоа.

Обвивките можете да ги нарачате со дирекно контактирање преку бакалницата. Повеќе информации, фотографии и контакт можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Mimoza Trenceva

    19.02.2023 01:16

    Bravo Sonja sekoj zbor kazan za tebe e stvaren i na nekoj nacin unikaten ne sekoj go ima trpenieto za idejata da ja donese do sovrsenstvo

Прочитајте повеќе

Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки

Кајак.мк денеска ве води во Валандово, град кој потсеќа на калинката, но отсега можеби некој од вас ќе го асоцира и на „Слатко од лути пиперки“.

Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот

Зоран е роден во Демир Капија. Првиот контакт со винското производство го има во винарската визба во Демир Капија која редовно ја посетувал со желба да работи во неа.

Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија

Некаде во Македонија ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела Македонија.

Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции

Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неурно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.

Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој

Ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.

Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер

Туристите кои ни доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат дека треба да направиме сѐ за да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.