08.07.2020

Кајак.мк: Внимавајте доколку во престојниот период треба да патувате во Србија

Кајак.мк: Внимавајте доколку во престојниот период треба да патувате во Србија

Нешто по 20 часот пред Домот на Народното Собрание на Србија почна протест на незадоволни граѓани по најавените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот што попладнево ги најави претседателот Александар Вучиќ. Демонстрантите во еден момент успеаја да влезат во зградата, но набрзо беа исфрлени од полициските сили. Притоа, според белградските медиуми, е приведено едно лице поради особено агресивно однесување кон припадничка на жандармеријата. Протестите, според медиумите во Србија, почнаа по најавениот „полициски час“ од петок до понеделник во Белград. 

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето случаи на новозаразени туристи се од Србија, и дека тоа е половина од новите случаи во Грција.

Од денеска 7 јули се до 15 јули во 23:59 часот се укинува авиосообраќајот помеѓу Грција и Србија и се забранува секаков влез на српски државјани поради ескалацијата на епидемијата со корона вирус во Србија.

Во соопштението се наведува дека единствен исклучок од ваквата одлука има само кога станува збор за граѓани од шенген зоната, членови на семејства на граѓани од ЕУ, граѓани од трети земји кои имаат престој во европските земји или Шенген зони, дипломатски лица и вбо други специјални случаи.

Одлуката на грчката влада важи до 15 јули, а донесена е поради големиот број тестирани патници кои пристигнале на границите со Грција а се позитивни на корона вирус.

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба.

Вонредната состојбата, која подразбира преземање посебни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, е на сила во Белград, Богатиќ, Владичин Хан, Лучани, Нови Пазар, Тутин, Крагуевац, Врање, Ивањица, Шабац, Чачак, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице и Прибој.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, врз основа на 7.872 тестирани примероци. Во истиот период починале уште шест лица, на респираторни машини се приклучени 93 лица.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.