21.11.2022

Сместување во Вруток: Срцето на река Вардар

Сместување во Вруток: Срцето на река Вардар

Дали можеби некогаш сте посакале да го посетите Вруток и да останете барем на еден викенд истражувајќи ја околината? Денеска тимот на Кајак.мк ве запознава со првото сместување кое се наоѓа покрај самиот извор.


Прекрасната природа, чистиот планински воздух и неповторливиот жубор на изворите на реката Вардар, го прават Вруток вистински рај за одмор и рекреација. Ова гостиварско село, кое е сместено на работ на Полошката котлина, во подножјето на Шар Планина, во последните неколку години прераснува во вистински магнет за туристите, кои доаѓаат по спокојот во ова место, како и да ги вкусат гурманските специјалитети од свежа пастрмка, врвно месо, пица од фурна и др.


Ова прекрасна вила располага со апартмани во кои можете да ги внесете и вашите велосипеди. Самиот регион и самото селце се доста интересни за истражување на пределот со велосипеди, а кога е врнежливо можете да уживате покрај дворчето на апартманите кое изобилува со зелена површина.


Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!