16.11.2022
Предлог гасто дестинација: Крушевска Одаја
Предлог гасто дестинација: Крушевска Одаја
Следејќи ги
трендовите на Кајак.мк по тоа како се движат пребарувањата, може да ви
потврдиме дека од ден на ден се повеќе расте интересот за посета и престој во
Крушево.
Од тие причини, должност
на Кајак.мк е да ви сервира сите информации за тоа како да го поминете квалитетно
викендот во Крушево.
Денеска, ќе ве запознаеме со „Крушевска Одаја“ која е наша нова попатна гастро станица во овој град.

Крушевска Одаја
се наоѓа во непосредна блина на хотел Скорпион кој е исто така дел од базата на
Кајак.мк.
Домаќините на „Крушевска Одаја“ се посветиле да го уредат ентериерот во етно стил, односно, да ве поттикнат да се вратите назад низ времето. Од стара традиционална локална носија, старо оружје кое денеска се користи за декорација, домашна музика и секако вкусна локална храна.

Кога сме кај храната, совет од тимот на Кајак.мк е да вкусите солено свинско месо на скара (за оние кои јадат свинско), Крушевска сабја, крушевски колбас и телешки мускул. Ова е само дел од специјалитетите кои можете да ги пробате во локалот.

За оние кои сакаат
повеќе информации околу специјалитетите:
Соленото свинско месо: Mесото се посолува и стои во каче
одреден период потоа оди на скара. Сабјата
пак се состои од различни
парчиња месо, а измеѓу има
зеленчук на скара и пекарски компир.
Крушевскиот колбас е еден од брендовите на градот тој се служи на скара
и е од дробено месо. Телешкиот
мускул е динстан и е во сос од врган печурки и пире.

За сите овие јадења домаќините имаат одредено време што е потребно да го подготват. Зеленчуците и месото го купуваат од локалните месари и пиљари кои пак се трудаат да купуваат производи од локалците.

Крушевската Одаја постои од 2015. Ја отвораат Шули и Влатко, кои се добро познати ортаци во градот повеќе од 21 година, а кои за овој период се занимаваат со угостителство.
Ваквата идеја за „Крушевска Одаја“ доаѓа од желбата да се отвори нешто ново кое ќе биде во амбиент од познатото златно време на градот Крушево, односно од 19ти и почеткот на 20ти век. За да успеат да го доловат амбиентот, домаќините го декорираат со разна облека и занаети, кои соочинуваат еден микс од влашката, и македонската култура.
Објектот денеска
има максимален капацитет да собере 120 гости во внатрешниот дел и 60 гости на
отворената тераса.
Доколку сакате контакт
за резервација и точна локација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.