15.06.2022

Дали сте го посетиле Bastion Eco Village?ge

Дали сте го посетиле Bastion Eco Village?ge

Возејќи кон селото Калиште, на четири километри од главниот автопат Тетово- Гостивар, одлучивме да направиме една попатна пауза на една нова гастрономска дестинација која од денеска е дел од базата на Кајак.мк, а која мора да биде задолжителна обврска за посета во текот на летната сезона.


Прекрасно место, прекрасна природа, прекрасен поглед и прекрасни луѓе кои работат со „Бастионот на Раманови“.


Оние кои честопати возат кон селото Неготино, веќе се добро запознаени со историјата и приказната на овој уникатен угостителски објект со кој раководи господинот Хесат Алиу.


Хесат ни ја раскажа приказната за настанокот на ресторанот, за историјата каменот со кој е изграден и за духот кој со години наназад се јакне од напорниот труд и љубовта која Хесат и својата фамилија ја вложуваат овде.


Повеќе од 20 години макотрпна работа за изградба на патот, секој столб и кровот на локалот, за во 2020-та година, објектот да започне формално да работи.


Успеале да ја пребродат пандемијата, да се соочат со затворени граници, рестрикции и ограничено движење, денеска Хесат вели дека „Бастионот“ започнува да ги живее убавите денови, а се надева дека ваквата тенденција ќе продолжи да расте.


Пред да биде формално отворен ресторанот, Хесат оддржувале гостински апартман на ова локација. Често знаеле да се соберат на локацијата и да организираат излети во природа. Тој се сеќава на првата група странски туристи кои им пристигнала во 2017-та година, а кои престојувале во нивниот апартман. Од тогаш до денеска, тие биле домаќини на гости од Бугарија, Чешка, Естонија и ред други земји. Според него, гостите биле знак дека ова излетничко место има голем потенцијал во промоција и развој на руралниот туризам.


Имено, неговата фамилија има повеќе оф 50 години работно искуство во индустријата на туризмот во Република Хрватска, кое искуство одлучиле да го пресликат во Македонија.



Името „Бастионот на Раманови“ доаѓа од дедото на Хесат, приказна која вреди да се слушне ла лице место. Денеска објектот го разубавува прекрасен камен двор и главен ан кои имаат доста уникатна архитектура. Изграден од камен од локалната средина, ултра модерен дизајн со задржани традиционални елементи кои му го дават шмекот на објектот кој е поставен на 700 метри надморска височина, каде како јаготка на шлагот е воздухот за кој Хесат вели дека е многу здрав и лековит.


За нашите патувачи кои ќе се одлучат да го посетат овој угостителски објект, треба да ги пробат специјалитетите како: Ладните и топли предјадења сочинети од локални ингредиенти како што се Шарки пикантен кашкавал од Ново Село и обичен кашкавал со Тартуфи. Исто така „фатална“ комбинација е телешкото месо од околните места со Тартуфо.

 Кога ќе стигнете овде ќе се уверите дека странските туристи коментираат дека местото е вистинска швајцарска бајна на Шарпланина. Доколку сакате информации и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Kiril Utevski

    02.08.2022 16:41

    Se e super ama nitu ima meni na Makedonski nitu personalot znae ubavo makedonski... Edvaj se razbravme... Sepak prekrasno mesto i dobra hrana i usluga..

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.