19.03.2021
Мојот син со аутизам ме поттикна да го отворам етно ресторанот
Мојот син со аутизам ме поттикна да го отворам етно ресторанот
На само половина
час возење од „Смоларските водопади“ се наоѓа селото Босилово, а од Струмица се наоѓа на 8 километри. Најголемиот
процент од жителите на селото се занимаваат со земјоделие и сточарство. Дел од
нив работат во поголемите градови како Струмица и Гевгелија, но има и такви кои
се одличиле да се вратат на село и да вложат во развој на селскиот туризам.
Денеска ќе ви ја споделиме приказна на Коста Тимов, кој од менаџерка позиција во Гевгелија се вратил во Босилово и отворил свој етно ресторан кој има огромна градина и е дом на многу домашни животни вклучувајќи го и неговиот коњ кој го користи за рехабилитација на децата со посебни потреби.
Коста вели дека
причината поради која се одлучил на еден ваков потег е неговиот син со аутизам.
Неговото дете Виктор за него е единствената причина да даде се од себе и да му обезбеди
живот онака како што заслужува.
Коста вели дека менаџерска позиција го поттикнала да започне да размислува за тоа како да одвои повеќе време за неговото семејство и како да започне да функционира независно од работниот ангажман.
Постојаните
оправдувања за неговите отсуства од работа и недостигот на време за грижа кон
син му, но и постојаното размислување за тоа како да го вклучи своето дете во секодјевните
рутини му го поставиле темелот на идејата за отварање на сопствен ресторан.
Како главна причина која го мотивирала да отвори етно ресторан со широк зелен каде децата со посебни потреби ќе ги чувствуваат сите придобивки, бил проблемот кој постојано се појавувал во дел од угостителските објекти, каде гостите честопати коментирале „Зошто не останете дома“ или „Зошто сте го зеле тоа дете со вас“.
На дваесетти јуни минатата година за првпат ја отворил портата од својот ресторан именуван како „Етно ресторан кај Виктор“ за сите гости. Воедно ги поканиле сите родители на деца со посебни потреби од регионот и им ветиле дека во овој двор е добредојден за секого. Овде може да се организираат разни симпозиуми, семинари, традиционални фолклорни манифестации како и селски настани кои се оддржуваат на Велигден, Бадник и на други празници.
Целта на ресторанот е да ги спои сите деца на едно место каде ќе може да се дружат и уживаат во меѓусебни игри. Овде треба да се развива селски туризам. Децата од градовите да се запознаваат со животот на село, да се хранат до продукти од селските градини и да разменуваат меѓусебни искуства.
Во склоп на ресторанот изградиле мини зоолошка градина каде одгледуваат разни домашни животни, меѓу кои и омилениот коњ кој Коста го користи за рехабилитација на децата.
Тие едноставно уживаат, вели Тимов додавајќи дека најважно од се е родителите да внимаваат на своите деца да не се повредат, а се останато е дозволено. Вревата на децата не може да го вознемири бидејќи и самиот е свесен низ тоа што поминува. Според него сите деца заслужуваат да бидат радосни.
Секој вторник, Коста организира ден на деца со посебни потребни. Ги кани родителите на кафе муабет, а на децата им приготвува разни специјалитети. Во неговата кујна работи врвен готвач со долгодишно искуство, а му помага Виктор кој има свои кулинарски обврски зададени од неговиот татко. Тој се грижи за зеленчукот и овошјето, ја мие салатата, извршува полесни работи од кои не може да се повреди. Дознавме дека наскоро ќе биде вработен, со што ќе добие посериозна улога.
Виктор сака да учи за тоа како се негува традицијата. Обожава храна и активности на отворено. Искуството на Коста покажало дека главната терапија на децата со аутизам е храната. Од тие причини тој внимава таа да немала контакт со пестициди и хемија.
Добар збор се слуша за традиционалната храна која ја служи ресторанот. Покрај тоа што е внимателно селектирана, таа се приготвува на жар. Месните производи ги набавува од селото, бидејќи според него така ќе може да се помогне еден на друг. Млечните производи пак ги набавува од неговиот брат кој има своја фарма со крави од каде дневно произведува и до 200 литри свежо млеко.
Дворот на ресторанот во топлите денови од годината е исполнет со радост. Веќе повеќе од половина година постоење тој го оправдува мотото дека сите сме исти и сите заслужуваме радост.
Доколку сакате повеќе информации за ресторанот, можете да погледнете на фејсбук фан страницата со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Susjana Badeva
03.04.2021 09:25
Mnogu sum srekjna shto postojat vakvi dobri lugje...pokraj niv i nie kje bideme srekjni...Golema blagodarnost...
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Стилови на патување: глобални трендови и нивното значење за Македонија
Откријте ги најновите светски патувачки трендови и нивното влијание врз туризмот во Македонија. Од Coolcation и Calmcation до Slow travel и Voluntourism – доживејте автентични искуства, релаксација и длабока вредност во патувањето.

Тим-билдинг со подготовка на македонски тестенини со локални вкусови
Уште еден незаборавен тим-билдинг поминавме со енергичниот тим на Ludotech, каде што Кајак Агенција ја имаше честа да биде организатор на настанот. Настанот беше полн со позитивна енергија, смеење и инспиративна атмосфера.

Каде летуваа Македонците во 2025: Охрид и планинските дестинации повторно на врвот
Охрид и планините повторно прв избор за лето 2025. Македонците ја избраа природата, автентичноста и домашните искуства. Прочитај ја анализата на kajak.mk!

Новата генерација домаќини – младите што ја оживуваат Македонија
Младите домаќини во Македонија не градат само куќи за гости – тие создаваат автентични искуства што ја оживуваат руралната земја и туризмот. Откриј како нивната страст и посветеност го менуваат лицето на туризмот во нашата земја.

Дали некогаш сте слушнале за Опеница? Уникатно гастрономско искуство во XO Distillery & Farm
XO Distillery & Farm во Опеница нуди уникатно гастрономско искуство со домашна ракија и локална храна, во автентичен амбиент исполнет со македонска традиција.

Предлог викенд дестинација: Дрвени куќички со топло огниште и приватност
Идеален викенд во природа! Истражете дрвени куќички со камин, топло огниште и приватност за релаксација, пешачење и автентично планинско искуство.