21.02.2023
Предлог викенд гастро дестинација: Етно гостилница „Вила Весница“.
Предлог викенд гастро дестинација: Етно гостилница „Вила Весница“.
Ни доаѓа викенд, а она што ќе го прави викендот идеален за прошетка е топлото сонце кое нѐ очекува. Базата на Кајак.мк си крцка со доста сместувања, атракции и гастро дестинации кои може да ви го исполнат слободното време за викенд, а денеска ќе ви споделиме уште еден предлог гастро дестинација која можете да ја посетите во секое време.

На површина од 3000м2 и со капацитет од над 50 столчиња во зимскиот период и над 200 столчиња во летниот период, вила Весница претставува одлична рурална дестинација за викенд. Лоцирана е во Чучер- Сандево на 15 километри од центарот на Скопје.
Рустичниот амбиент на етно гостилницата ќе ве поттикне да ги вкусите сите уникатни специјалитети на куќата и да уживате со вашите најблиски. Се наоѓа на 475 метри надморска височина, а во околината нема ниту еден индустриски објект, што ја прави оваа дестинација идеална за прошетка во природа и чистење на белите дробови.

Скоро сите производи кои се служат во угостителскиот објет се од домашно и сопствено производство. Оние кои ќе се одлучат да ја посетат „Вила Весница“ треба да имаат на ум дека овде може да нарачат квалитетни овчи сирења, домашни чварки, домашно сувомеснато, мешана квалитетна скара и ред други специјалитети на куќата.
Доколку сакате да
ја погледнете точната локација и да стапите во контакт за резервации, кликнете
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.