05.12.2022
Дрвените планински куќарки на Китка: Зимски предизвик за сите авантуристи
Дрвените планински куќарки на Китка: Зимски предизвик за сите авантуристи
Како што ви ветивме, месец декември ќе го посветиме на планинарските домови ширум Македонија, како би им дале поголемо значење. Нашата намера која сакаме да ја постигнеме преку ова е да ги мотивираме младите и нови генерации да се приклучат во планинарските светови и да го уживаат природното богатство кое ни го нуди Македонија!

Денеска ве информираме
дека, ново уникатно сместување кое го додаваме во базата на Кајак.мк, се уникатните
дрвени куќарки на Китка кои се непосредно до планинарскиот дом „Китка“.
За оние кои досега не слушнале повеќе информации планината Китка, нека продолжат со читање на четивото, а оние кои пак сакаат дирекно да погледнат за какво сместување станува збор, може да кликнат ОВДЕ.

Китна е планина
која се наоѓа југоисточно од Скопје, во бујниот предел на Караџица. Ова е еден
од најголемите македонски планински масиви познат како Мокра Планина.
Врвот китна има 1569 метри. Богат шумски фонд, прекрасни листопадни дрвја како бука, даб, јасика), како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија.

За љубителите на планинските искачувања и прошетки, оваа планина има разни маркици и едукативни табли поставени на разни локации. Овде се наоѓаат повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која води кон Солунска Глава.

Планинските куќи
можете да ги посетите пеш или со џипови. Треба да имате до знаење дека обични
автомобили не може да се искачат до сместувањето.
Доколку сакате
повеќе информации, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
marjan
05.12.2022 12:53
Zdravo za golemata vikendica dali e slobodno 30 31 i 1 za 3 nokevanja i dali e dobro toplo posto sme so mali decinja od 1 i 3 godinki
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.