07.07.2021
Сместување на Маврови Анови идеално за хајкинг викенди
Сместување на Маврови Анови идеално за хајкинг викенди
Активниот туризам во Македонија ни е повторно на мода. Она со кое тимот на Кајак.мк се гордее е фактот дека се повеќе млади се одлучуваат да го променат класичниот одмор со истражување на регионите каде престојуваат.

Денеска ќе ве
запознаеме со Димитар, новиот домаќин кој ги отвори вратите на „Ски Хат Горица“
за патувачите на Кајак.мк.
Димитар со години наназад ја испишува уникатната приказна за ова уникатно сместување кое се наоѓа во викенд населбата Маврови Анови, а кое е сместување е вгнездено во мавровската шума.

Ски хат Горица располага со волшебен поглед кон езерото и
полустровот на елените. Сместена на раб од букава шума ова градба е уредена во
планински стил поточно во стил хат сместувања кои се присутни на алпските
региони.

Димитар вели дека во непосредна близина на сместувањето започнуваат хајкинг патеките, патеките до езерото за шетање и риболов на брегот.

За љубопитните туристи, треба да потенцираме дека од самиот двор на ски хат Горица почнува хајкинг патека која води до врвот Кожа (1,740m) од каде се испреплетуваат други прекрасни хајкинг патеки во живописната околина на Врбен.
Мавровското езеро е на само 300 метри од куќата, а во непосредна близина е и административниот центар на Маврово, Маврови Анови, каде што може се наоѓаат неколку ресторани, мини маркети, тениско игралиште, аптека и автобуска станица за регионален транспорт.

Домаќинот Димитар Попов е долгогодишен инструктор по качување карпи, планински водич и ски туринг водич. Во ски хат Горица можете да најдете тури за качување на карпи со инструктор и целосна опрема, хајкинг тури на Кораб - еднодневни и повеќедневни, ски школа и ски инструктори, јога сесии, како и тури за хербализам и собирање печурки каде што можете да научите што и како се собира и во кој дел на годината.

Во ски хат горица
може да изнамите велосипед и да одберете некоја возбулива тура -дали ќе биде
планинска тура по макадам или пак пикник-панорамска тура околу езерото со
закуска во ливадите -- тоа е ваш избор но сигурни сме во вашата насмевка на
крајот.
Сигурно ви звучи
идеално сместување за активен туризам?
Доколку ви се потребни повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт
за резервации, тогаш кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.