18.03.2020
Италијаните се збогуваат со своите преку видео-чат од телефоните на докторите!
Италијаните се збогуваат со своите преку видео-чат од телефоните на докторите!
Црна статистика и денес во Италија, последното збогум жртвите со блиските го имаат преку видео-чат
Во Италија, во последните 24 часа починале 345 луѓе, а 3526 биле ново заразени со коронавирус.
Тоа е повеќе од вчерашната бројка кога имаше 3233 новозаразени.
Вкупниот број заразени во Италија изнесува 31.506, а во моментов се заразени 26.062.
Доктор Франческо Кортеларо:Последното збогум блиските го имаат преку видео-чат
Последната жртва беше една возрасна жена која почина минатата ноќ. Сакаше да ја види својата внука. Го извадив мојот телефон од џебот и воспоставивме видео-конекција. Се збогуваа. Набргу потоа таа почина. Сега веќе имам долга листа на видео повици. Ја викам листа на збогувања. Значи ако продолжите да се жалите дека ви е досадно да останете дома, само сетете се дека на тој начин нема да ги оставите да умрат сами, вели доктор Франческо Кортеларо.
Доктор Карло Серини: Ги носам пациентите на интензивна нега. Со години. Но, овојпат е поинаку. Морав да исклучам еден стар човек синоќа. Му дадовме маска за дишење, беше исплашен и гледаше наоколу со исплашен поглед. Му се доближив и ми шепна: Значи вистина е. Лоша ми е состојбата? Го фатив неговиот поглед и сфатив дека во тој момент немав одговор.
Доктор Франческо Кортеларо: Дали знаете кои чувства се најстрашни? Да видите пациент како умира сам. Да ги слушате кога ве молат да се јават на своите деца или внуци. Заболетите од коронавирус се изолирани, семејството не може да биде со нив и знаат дека заминуваат. Последната жртва беше една возрасна жена која почина минатата ноќ. Сакаше да ја види својата внука. Го извадив мојот телефон од џебот и воспоставивме видео-конекција. Се збогуваа. Набргу потоа таа почина. Сега веќе имам долга листа на видео повици. Ја викам листа на збогувања. Значи ако продолжите да се жалите дека ви е досадно да останете дома, само сетете се дека на тој начин нема да ги оставите да умрат сами”.
СИТЕ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНА ВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО ЧИТАЈТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!