12.04.2022

Викендица на Галичица со панорамски поглед кон езерото

Викендица на Галичица со панорамски поглед кон езерото

Дали сте слушнале за село Горно Коњско? Дали можеби сте го посетиле или можеби сте размислувале да ја преселите вашата он-лајн канцеларија на 1100 метри надморска височина и да ги извршувате работните обврски со прекрасен поглед кон Охридско езеро?


За нашите патувачи кои со нетрпение чекаат да додадеме ново скривалиште во базата на Кајак, овојпат ги изненадуваме со прекрасна и уникатна вила која се наоѓа токму во селото Горно Коњско.

За тие кои не слушнале за него, ова селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на општина Охрид, недалеку од неговиот брег.


Селото Коњско според народните преданија го заселиле сточари кои чувале коњи и дека заради тоа на селото му било дадено името Коњско. Некои пак, сметаат дека името на селото води потекло од страна: дека некој овчар од прекупланинското село Коњско (Преспа) се заселил на тој простор и така поради тоа село и ова го нарекле Коњско.


Фото: Annevy

Сите вие кои ќе се одлучите да престојувате во вилата Гркаша која е стационирана во селото, ќе имате прилика да сретнете и запознаете доста овчари кои ги пасат своите овци по зелените рамнини, а тие кои се љубители на домашното сирење, со сигурност би можеле да направат добра зделка со локалците за набавка на истото.


Домаќинот Христијан кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека мирот и тишината се најважните работи кои привлекуваат доста туристи. Природата и чистиот воздух, како и прекрасниот поглед кон езерото се нешто кое му е потребно на секој поединец.

Како совет, домаќинот Христијан ја истакнува можност да прошетате низ селото каде може да ги погледнете сите стари куќи и објекти од минатото кои го прават селото живописно.


Вилата Гркаша е на 4 километри од хотел Метропол и самата плажа, а на само 200 метри пеш од вилата, се наоѓаат ресторани кои имаат прекрасен поглед кон езерото и зајдисонцето.


Звучи примамливо за престој, зарем не?
Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!