15.07.2021

Во Македонија има ранч со базен кој нуди хипотерапија со коњи

Во Македонија има ранч со базен кој нуди хипотерапија со коњи

Еј друштво, дали се сеќавате на нашата приказна со Марија Дуда? Девојката која се врати од САД се со цел да отвори свој ранч во Македонија и да му понуди на македонскиот туризам нешто ново и иновативно? Доколку се уште не сте ја прочитале, тоа ќе може да го направите со еден клик ОВДЕ.


Денеска сме среќни што нејзиниот ранч кој е прв Green Comfort Center за терапија со животни во Македонија е дел од базата на Кајак.мк. Она што не прави уште посреќни е фактот дека сместувањето на рачот е пет-френдли, уникатно дизајниран и исполнет со позитивна енергија. Како јаготка на шлагот е базенот кој е изграден во дворот, а кој може да го користат гостите.


Марија вели дека на Македонија и беше недостасуваше ваква понуда. Хипотерапијата со коњи е нешто кое му е потребно на секој поединец, а најмногу на луѓето кои имаат здравствени проблеми.


Енергијата која ја имаат коњите е нешто незаменливо, вели Марија. Од тие причини заедно со сопругот се одлучивме да го изградиме ранчот The Countryside“ кој се наоѓа во општина Ранковце, на 20 километри пред Крива Паланка, додава таа.


Целта од престојот на ранчот е да им овозможи на гостите терапија со коњи, да ги направи среќни сите деца кои имаат потреба да ја почуствуваат енергијата на коњите и да дегустираат здрава веганска храна.

Според Марија, ова е одлично место и за тим билдинг настани и практикување јога за која цел таа има сертификат од Ashram во Индија.


Регионот во кој се наоѓа ранчот е идеален за планинарење, посета на Св. Јоаким Осоговски кој е на 25 километри, Камени кули кои се на 13 километри, а покрај коњите, ранчот располага и со велосипеди и крос мотор.

Како што велат домаќините на ранчот, дозволен е влез на домашни миленици, бидејќи тие не прават посреќни.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Biljana Petrovska

    23.07.2022 12:15

    broj na telefon za da se zakazhe hipoterapija za 5 god. dete koe nezbori

Прочитајте повеќе

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.