12.03.2021

Доаѓам од Америка во Македонија за да одгледувам коњи

Доаѓам од Америка во Македонија за да одгледувам коњи

Марија Дуда или девојката која во изминатиот период доста се ангажираше со помагање на нашата медена хероина „Атиџе Муратова“ за нашиот блог ни раскажува каков е животот исполнет со коњи. Марија е заљубена во коњите, ни вели дека животот и се променил откако тие влегле во нејзината приказна. Таа живее на две локации, едната е Њујорк, а втората е Македонија за која во изминатиот период одвојува многу време. 


Македонија е доста актрактивна земја за чување и јавење коњи. Рејлефот на државата овозможува вистински авантуристички тури кои честопати се организираат во Западна Македонија, вклучувајќи ги: Галичник, Маврово, Ростуше, Охрид, но и делови од Западна Македонија, како што е познатата воздушна бања Берово.


Марија низ смеа вели дека во моментот има две и половина коњи, бидејќи едната мама е трудна и очекува бебе.

Коњите ги чува на село каде што се наоѓа нејзината куќа, а каде освен коњите чува и четири кучиња и 6 мачки. Таа вели дека местоположбата на куќата и е добро поставена со тоа што е опкружена со полиња и само три куќи во блиското соседство, што може да се каже дека ваквите селца низ Македонија се идеалните места за одгледување на коњи.


Размислува наскоро да организира тура со коњи, вели дека на 15 километри од нејзиниот дом живее нејзин другар кој исто така чува коњи, што е идеално за поголема тура. Но она што во моментот ја предомислува е тоа што таа повеќе сака да се фокусира на програми наменети за лекување со животни и сака нејзината невладина организавија Pink Support ова лето да реализира пилот настани.


Дуда низ смеа раскажува како нејзините биле против животот со коњи бидејќи уште од мала ја познаваат како „крадела “ коњи и магариња за да ги јаве кога живеела на село, а веќе во далечната 2012-та година започнала и професионални часови по јавење.

Пред две години заминува во африка на авантура се со цел да јаве и да запознава разни видови коњи.


Марија вели дека е многу лесно да се заљубиш и развиеш страст за коњите. Таа уште од мала ги обожава и никогаш нени помислила дека ќе се врати во Македонија или дека баш Македонија ќе и го оствари овој детски сон да има ранч, животни и да ја работи работата која ја сака, а во исто време да има и сосема друж живот во Њујорк. Со регистрирањето на одгледувачница на коњи, таа потврдува дека страста кон коњите нема да помине толку лесно како што многумина очекувале.


Дуда вели дека треба да се биде внимателен со коњите. Тие можат да ја осетат секоја позитивна или негативна вибрација кај човекот, лутината и се што ние го носиме на нас, а тоа да се рефлектира на нив.

Според неа, треба повеќе да се внимава на тоа како се однесуваат луѓето во Македонија со нив и треба да ги вреднуваат повеќе. Таа ни направи споредба со Западот каде денеска има предобри програми кои ги користат голем број пациенти болни од разни болести и дечиња со посебни потреби.


Целта на Марија е таа. Да ја пренесе ова енергија и во Македонија, а ова земја да биде нејзиниот втор дом каде ќе спроведува ваква програма.

За неа, коњите не се миленичиња за доследно да не гледат и слушаат, туку тие се партнери на кои треба да им се даде доверба како лидер ако сакаме да ја заслужиме нивната.


Марија во моментот е радосна што е во Македонија. Скоро секој сончев ден е излезена со коњите да пасат. Со неа понесува термос со кафе или чај, книга и бисквити. Тоа за неа во моментот е рутината.

Собирањето сено во летото за неа е една од омилените активности, сето тоа заокружено со јавање коњи на залез. Со коњите секогаш имала интересни случки. Отсекогаш сака да го споменува моментот со кобилата Фида која овожава да пие кафе од нејзината шолја.


Дуда ги советува сите кои сакаат да одгледуваат коњи дека треба постојано да се надоградуваат со читање литература за нив, учење од повозрасните на село и да се има големо трпение. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?