19.10.2023

Се викам Елена и изработувам минијатури од полимерна глина

Се викам Елена и изработувам минијатури од полимерна глина

Во Македонија има доста луѓе кои имаат необично хоби или занает. Ние во Кајак.мк имаме мисија да ви ги споделиме сите нивни приказни, да ве запознаеме со луѓето и секако да им дадеме поддршка во нивното работење. Денеска ве водиме во село Шлегово, каде живее и твори Елена. Таа стапи во контакт со тимот на Кајак.мк за да ја сподели својата приказна поврзана со рачната изработка на минијатури од полимерна глина.


Елена ни раскажува како уште на самите почетоци се запознала со полимерната глина и нејзините бесконечни можности. Започнала да изработува парчиња накит, бележници за книги, декорирала шолји за чај и друго.


Елена вели дека за минијатурите се заинтересирала откако на интернет прочитала информација дека постојат луѓе кои се занимават со ова дејност и била воодушевена од умешноста и креативноста со која луѓето изработувале куќички за кукли, диорами и други предмети. Токму ваквите приказни и даваат волја на Елена да отпочне со вакви изработки.


Денеска таа е сконцентрирана на минијатурите со тематика од нејзиното детство, селскиот живот, домот на нејзината баба и дедо и македонските етно елементи. На самите фотографии ќе забележите минијатури со налик на стари садови, стари куќи, столчиња и храна.

За изработка на минијатурите се користи полимерна глина, дрво, лесонит, платно, метални и пластични делови, конец, картон и слично. Се користат претежно рециклирани платната кои се од стари чаршави или облека, картони, како и метални и пластични делови.


Времетраењето на една изработка зависи од предметот што се изработува. Пример за една масичка од 7 сантиметри на Елена и се потребни од 4 до 5 часа. Поголемиот дел од времето се користи за печење на глината, лакирањето и сушењето. Производите се изработуваат по нарачка. Елена вели дека може да се изработат истите предмети кои може да ги видите на фотографиите, но сепак може да се додаде и нешто по желба на клиентот.

Доколку сакате да ги погледнете изработените предмети и да нарачате некои од нив, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!