07.02.2023

Продолжуваме со испишување на приказната на нашиот татко: Човекот кој изгради прекрасен свет на олдтајмери

Продолжуваме со испишување на приказната на нашиот татко: Човекот кој изгради прекрасен свет на олдтајмери

Прво нешто кое треба да го имаме предвид во 2023-та година е да им даваме огромна поддршка на локалците во Македонија кои го вложуваат својот максимум во развојот на убавата приказна!

Мотото на Кајак.мк во новата година е: Да бидеме туристи во чевлите на локалните жители! Новото мото е со цел да сфатиме дека време е да почнеме повеќе да ги вреднуваме оние луѓе кои ни останаа во државата.

За да имаме успешни приказни во Македонија не треба да пишуваме во коментари на социјалните мрежи „БРАВО“, туку треба да направиме акција на терен. Без разлика дали акцијата ќе биде еколошка, социјална, дали ќе биде акција за поддршка на локалното население, наше е да намалиме со секојдневното користењето на социјалните мрежи, да излеземе надвор и да се соочиме со реалноста која секој ден го гризе нашето општество!


Денеска сме овде да ви ја споделиме приказната на Димитар и Кирил кои за нас се нови локални херои кои покрај сето она низ кое поминале, одлучиле да продолжат по патот на својот татко Дионис, човекот кој животот го посветил во градењето на еден свет полн со предизвици. Светот на олтајмерите.


Денеска, градот Неготино има нова туристичка атракција, така наречена „Музеј на Олдтајмери“. Музејот го изградува Дионис Пашлаков, а приказната ја продолжуваат неговите два сина.


Дионис успева да собере 120 одтајмери, 70 моторцикли, едрилица и делта-план и дел од нив да ги смести во затоврен простор кој ќе ги штити од ерозија и влага.


Во неговиот музеј може да се најдат доста уникатни возила кои имаат своја приказна. Најстариот олд-тајмер е од 1950-та година, но има доста од 60-те и 70-те години. Во музејот може да го видите автомобилот на поранешниот претседател Лазар Колишевски, а овде се наоѓа и возилото „Аустин 1800“ кој е донација од Британската амбасадорка.


За музејот има уште многу што да се раскажува, но не би сакале тоа да го сториме ние, бидејќи информациите ќе ги доживеете подобро доколку ја посетите локацијата.


Музејот е одличен за тим-билдинг патувања, групни посети, посети од страна на основни и средни школи. Како што кажавме во самиот наслов, влезот е бесплатен, а на вам останува да донирате средства во самата касичка која е голем стимул за поддршка на овие млади луѓе.

Точна локација, контакт телефонски број и повеќе фотографии можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Споделете ја приказната, бидејќи споделувањето е грижа!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?