22.06.2023
Предлог викенд гасто дестинација: Етно ресторан Куклица
Предлог викенд гасто дестинација: Етно ресторан Куклица
Вистинските
гурмани кои ја следат платформата на Кајак.мк и кои се во постојано исчекување
на нови гасто дестинции, денеска ги запознаваме со уште една прекрасна
дестинација која може да се посети за време на викендите или пак во работните
денови кога нема многу гужва.
Станува збор за етно ресторанот „Куклица“ којшто се наоѓа во прекрасното село Куклица, а кое селце пак, има доста уникатна приказна и заслужува да го посетите.

Овој
национален ресторан нуди разни локални специјалитети, а дел од нив кои ние ви
ги препорачуваме да ги вкусите се: Кукличка
плескавица, куклички колбас, кукличка тава, вртена баница, мантии и качамак со сланина,
а превкусно е и домашното лепче до ржано брашно кое се пече во фурна.
Ресторанот се наоѓа на 8 километри од градот Кратово, во прекрасна природа и во близина на Крива Река.

Идеалната
клима им овозможува на домаќините да произведуваат домашни краставици, домати,
тикви, пиперки, марула, компир од кои подготвуваат разни салати за своите
гости.
Точната
локација на ресторанот, како и контакт телефон за резервација можете да најдете
со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.