22.07.2021

Каневче е приказна која ја испишувам 10 години, а по која луѓето ме знаат

Каневче е приказна која ја испишувам 10 години, а по која луѓето ме знаат

Доколку појдете во Охрид и прашате мештаните дали го познаваат Димче Каневче, нема некој кој ќе ви каже дека не слушнал за „Кај Каневче“. Локален ресторан кој е одлична комбинација од етност, традиција и модерно. За домаќинот Димче, ова е приказна која се пишува цели 10 години.


Тимот на Кајак.мк прошета заедно со Димче по кејот на Охридското езеро каде воедно тој ни ја раскажа својата автентична приказна за охридскиот живот и развојот на угостителството во градот.

Димче вели дека приказната за „Кај Каневче“ ја започнал пред 10 години, впрочем, годинава го прославиле јубилејниот 10-ти роденден.


Димче се сеќава дека во тоа време на Охрид му недостасувало нешто ново и модерно, па заедно со неговиот брат решиле да ја збогатат понудата со бар каде гостите ќе можат да уживаат конзумирајки модерни пијалоци и храна, но по 2 години тој се одлучил на целосна трансформација на локалот, кој ќе нуди мени што ќе ги натера гостите да се вратат повторно.

Подготвиле мени со македонска традиционална храна, бројни топли и ладни предјадења и домашно готвени јадења, кои ја презентираат македонската традиција.


Се сеќава на храната која ја припремувал доста претпазливо и се фокусирал сето тоа да биде совршено. Започнал од сарми, полнети пиперки, мусака се додека не добе идеално мени исполнето со традиционална храна и риба.


Денеска, неговото мени се состои од пиперки, сармата, мусаката со тиквички и црн патлиџан и македонското тавче гравче со домашен колбас или македонска плескавица. Со цел да ги натера гостите да дојдат повторно, понудата ја збогатува со специјалитети од месо и риба по нарачка, за кои гостите треба да закажат три часа претходно или пак да одберат тава за наредниот ден, за ручек или вечера.


Димче не ги изоставува специјалитетите како охридскиот чомплек, охридската турли тава, охридската ќофте тава, рибната тава, јагулата на охридски начин, тресената пастрмка и ред други специјалитети кои се подготвуваат на кејот на Охридското езеро.

Угостителите и менаџертите ги обожаваат сите специјалитети кои се нудат во менито, но ние го запрашавме Димче да ни истакне еден специјалитет кој мора секој гостин да го дегустира.


Од него добивме одговор дека тоа е „Охридски чомлек“. Без разлика дали ќе биде со месо или вегетаријанска опција, овој специјалитет е извонредна комбинација на вкусови и мисири од состојките. Чомлекот е комбинација од плодовите кои ги има во македонските бавчи. Почнувајќи од кромидчиња, лук, месо, телешко и свинско (вегетаријанската опција е со печурки), суви сливи, бело вино и зачини, каде неизбежно е да се додаде многу ЉУБОВ.


Покрај чомлекот, тој ја истакнува и салатата „Софија“ која е несекојдневна комбинација која ги воодушевува сите. Салатата го добива своето име од неговата внука Софија која секојдневно јадела одредени намирници. Истите намирници тој се потрудил да ги употреби во салатата која за него е нешто едноставно, несекојдневно, освежително и вкусно.


Таа вклучува рендана зелка, сецкан домат, ореви, дробено сирење, рендан кашкавал, зачини, маслиново масло, сол, босилек и оригано. За декорација, но и како состојка додава брокула. За Димче ова салата го има изгедот на Софија и нејзината коса.


Каневче вели дека е вегетаријанец и затоа најважно од се е да понуди мени за луѓето како него. Со збогатеното мени тој вели дека странците се воодушевени од тоа што може да го понуди македонската кујна за вегетаријанците.

 Ресторанот Кај КАНЕВЧЕ е уникатен пред се по местоположбата, бидејќи се наоѓа во населбата Канео, а тоа е Македонскиот дел од рајот. Уникатен е по менито кое е спој на традиционалното но и модерното. Според Димче, мора да има нешто кое инстаграмџиите би го ставиле на својот профил и додава дека сармите и полнетите пиперки, традиционалниот начин на сервирање за жал се уште не се атрактивни за на социјалните мрежи, но вели дека тие се убедливо највкусни.


Презимето Каневче, на локалното население му е добро познато. Стара градска фамилија во која преовладува меѓусебно почитување, но пред се почитување на останатите кои тоа го заслужуваат, вели Димче.


Тој е само дел од една лоза која заедницата ја препознава по убавите дела за градот, за локалното население, за луѓето со помалку можности. Димче честопати знае да биде дел од  некои формални или неформални групи на луѓе кои сакаат да го подобрат квалитетот на живеењето.

Димче вели дека „Кај КАНЕВЧЕ“ се наоѓа лесно доколку изнајмите кајче од пристаништето на Охрид и за само пет минути сте пред локалот. Доколку пак појдете пеш, треба да ја поминете позната стара рибарска населба и црквата Св. Јован Богослов.

Доколку сакате да резервирате престој кај Димче, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.

Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк

Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)

Летните одмори стануваат значително поскапи: што ја крева цената на патувањата во 2026

Летните одмори во 2026 година стануваат поскапи од претходните сезони поради раст на цените на авионските билети, сместувањето и зголемената побарувачка. Оваа анализа објаснува кои фактори најмногу влијаат на туристичките трошоци и што можат да очекуваат патниците при планирање на своите летни патувања.

Викенд доживување во Кратово: скриен средновековен град, камени мостови, локални приказни и автентична македонска храна

Откријте го Кратово како една од најдобрите викенд дестинации во Македонија.

Картинг во Македонија – Доживеј екстремен адреналин и брзина како вистински тркач | Kajak.mk

Доживеј вистински адреналин со картинг искуство во Македонија. Брзина, забава и натпреварување на модерна патека. Резервирај лесно преку Kajak.mk.