22.07.2021

Апартмани во Аспровалта идеални за патувачи кои бараат флекси термини

Апартмани во Аспровалта идеални за патувачи кои бараат флекси термини

Ако одвојуваме причина поради која доста од патувачите се страсно заљубени во нашата платформа е можноста за флексибилно патување. Доста млади патувачи кои бараат начини за да си овозможат повеќе од еден одмор во текот на годината ќе кажат дека за едно бегство може да им се потребни само три ноќевања, а други кои пак работат онлајн ќе кажат дека може да останат во туѓ дом повеќе од 10 ноќевања.


Кога сме кај флексибилните сместувања кои ги има на Кајак.мк, би сакале да ве запознаеме со уште една дестинација која од денеска е активна на нашата платформа. Покрај сместувањата во Македонија, на Кајак.мк од неодамна може да се забележат и сместувања во Грција и Црна Гора.


Денеска ќе ве запознаеме со домаќинката Ирена, чии апартмани во Аспровалта, Грција можете да ги резервирате со еден клик ОВДЕ.

Аспровалта е идеална дестинација на луѓето кои сакаат море и планина. Долга песочна плажа која е препратена од планински венец. Планината Кердилиа ви дава чувство на спокој додека сте на некоја од златните плажи во регионот.


Честопати врегот на ова модерно туристичко градче е наградувано со сино знаме, со кое се означуват најдобрите плажи во Грција. Плажата во Аспровалта може да се каже дека е долга околу 3 километри и широка околу 200 метри.


За тимот на Кајак.мк ова грчка дестинација е идеална за секого. Од најмлади до највозрасни. Идеална е и за луѓето кои преферираат планинарење, но и за оние кои бараат класично плажирање. Плажите пак се сосема добро уредени, каде може да најдете дел слободен простор за поставување пешкири и чадори, а дел од плажите имаат и организирани лежалки кои може да се користат.


Нашите нови домаќини велат дека најблиската плажа од сместувањето се наоѓа на 150 метри, која воедно е без лежалки и има слободен простор за пешкир и чадор. Центарот на Аспровалта е  на оддалеченост од 900 метри од сместувањето.

Доколку сакате да резервирате апартман во Аспровалта, погледнете повеќе инфо за сместувањето, цени и фотографии, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.