21.08.2020

Вака се прикажуваат убавините на Кожуф: Sab Brothers со одличен видеозапис и песна

Вака се прикажуваат убавините на Кожуф: Sab Brothers со одличен видеозапис и песна

Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви од Богданци како ,,Sap Brothers“ го промовираа својот прв сингл насловен ,,Љубов си ти’’ за кој видеото го изработија со Ѓорги Вацев од Гевгелија за кого Бранко ќе каже и тој е ,,Sap Brothers“ а главен протагонист е Арон кучето. Авторска песна за која музиката текстот и аранжманот е на браќата Сапламаеви кои со Вацев го осмислија и видео спотот кој го реализираа на Кожуф.

Тие веќе долго време ја живеат музиката одделно како браќа, но и идејата заедно да се на сцена постои одамна.

И двајцата се дипломирани музичари и настапуват со разни, посебни состави кои одамна се дел од квалитетната македонска музичка сцена. Како што велат тие, сакале и нивната музика да добие шанса.


Kajak: Од каде идејата за ваква песна?

Арон. Тој е идеата, инспирацијата. Живеењето со него едноставно нѐ натера да сфатиме дека ТОА е всушност ТОЈ (има свој карактер и став), како и сите други миленичиња. Арон е многу повеќе од обично домашно милениче и постои за да нѐ направи среќни. Го можеме и ние тоа за него.

Kajak: Локацијата ви е доста добра. Зошто одбравте вакво место?

Баравме соодветно место со нашиот Гуру (Ѓорги Вацев) кај што заедно со Арон ќе уживаме во снимањето, а тој ќе трча во среќа до бесконечност. Пa, каде ако не на Кожуф? Целото видео е снимено на врвот на планината и слободно можеме да кажеме дека таа со својата убавина е нашиот најголем спонзор. Научивме да ја почитуваме.


Kajak: Која порака сакате да ја испратитe?

Нашата музика, како и целот проект, има за цел да предизвика чувство кај публиката различно од моменталното, на начин што хуморот и музиката ќе делуваат заедно. Пораката е дека среќата е во малите работи и тука до нас.

Kajak: Какви се реакциите од публиката?

Сѐ уште пристигнуваат реакции. Досега добиваме позитивен feedback. Иако не би биле разочарани и доколку некој мисли различно или спротивно. Така знаеме дека сме реални и секогаш отворени за критики. Изненадени сме колку бргу сѐ се случува. 

Kajak: Дали можеби во иднина можеме да очекуваме нешто ново на вакви скромни локации?

Имаме доста идеи и планови. Во следното видео можеби не, но секако дека ќе ги искористиме убавините на природата. Таа е извор на енергија која не бара ништо за возврат.

ВИДЕОЗАПИСОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро

kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден

Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.

Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија

Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.

Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации

Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.