28.08.2023

Дали сте слушнале за меанче во кампче?

Дали сте слушнале за меанче во кампче?

Летните одмори на повеќето од вас кои во моментот го читате четивото поминаа, а сега на ред е да ги искористите слободните викенди со последното топло сонце некаде низ Македонија, некаде каде можеби никогаш не сте биле претходно.

Тимот на Кајак.мк има цел да ви создаде предлог викенд дестинации каде покрај храната во локалните угостителски објекти, вие би го искористиле слободниот ден за активности во природа.


Денеска ве водиме во Лесново, односно во ресторанот „Меанче на Кампче“ кој е нов угостилски објект изграден во близина на Лесновскиот манастир, а за кого гостите пишуваат дека има супер услуга.

Пред самиот ресторан имате паркин простор каде можете да го паркирате вашето возило, а пред да седнете на ручек во ресторанот, тимот на Кајак.мк ве советува да прошетате во околината која нуди доста знаменитости.


Овде е Лесновскиот манастир кој треба задолжително да се посети, а недалеку од манастирот се и лесновските пештери до кои води изградена патека. Самата патека завршува пред пештерната црква „Св. Богородица“, а кога ќе влезете внатре ќе го доживеете реалниот испоснички живот низ богатата историја од XIV век. По завршувањето со турата можете да се вратите во самиот ресторан во кој се служи разна локална традиционална храна и скара.


Од макала, тиквички, риба, готвени јадења во фурна, локални сирења и познатиот локален специјалитет пастрмајка, сето ова можете да го најдете во самиот ресторан. Точната локација, како и телефонски број за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.