14.03.2020

Чешка парализирана , речиси се е затворено

Чешка парализирана , речиси се е затворено

Владата на Чешка нареди затворање на повеќето продавници, ресторани и продажни места во обид да се ограничи ширењето на коронавирусот, пишува Канал 5.


Мерката ќе остане на сила до 24 март и не се однесува на продацвници за прехрамбени продукти, аптеки и бензински пумпи.

„Сакавме да ги спречиме луѓето да одат во трговски центри во текот на викендот”, рече премиерот Андреј Бабиш, повикувајќи ги сонародниците да покажат разбирање и солидарност.

И рестораните и другите места ќе бидат затворени до 24 март, се вели во соопштението на владата објавено на веб-страницата на владата рано утрово.

Во Чешката Република, со население од 10,7 милиони, пријавени се 150 случаи на инфекција со коронавирус.

Во петокот, владата воведе забрана за влез на странци во земјата и забрана за напуштање на земјата за своите државјани, со одлука што стапува на сила во понеделник.

Претходно, владата ги затвори училиштата, театрите, кината, галериите и музеите и забрани собири на повеќе од 30 лица, освен на погреби.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!