26.11.2020
Вила со една од најубавите положби во Македонија достапна за изнајмување
Вила со една од најубавите положби во Македонија достапна за изнајмување
Сигурно повеќе од вас веќе ви е познато селото Јанче. На 27 километри од браната во Маврово, на патот кон Дебар, од левата страна се наоѓа ова село кое е вистинска туристичка атракција за странските туристи поради својата уникатна местоположба. Сместено во ридско-планински предел, во подножјето на убавата Бистра, Јанче се наоѓа на надморска висина од 760 метри.

Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул. Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.
Доколку го престојувате во ова село ние ви предлагаме да ги посетите: Водопадите ДУФ, во непосредна близина на село Ростуше, селото Галичник по патека Скала, пеш или со коњи, манастирот Св. Јован Бигорски, езерото Локув за кое пишувавме неодамна како и мостот Елен скок на Тресонечка река.
Доколку сакате да престојувате во македонски алпски пејзаж со чист воздух, чудесна архитектура, ние ви ја претставуваме вилата Панорама која ја има една од најизвонредните локации во Македонија. Со поглед од милион долари, изолирана во тивка област и рај за луѓето кои сакаат комбинација од модерно и планина. 
Вилата „B&B PANORAMA“ е во селото Јанче и нуди ресторан, бар и градина. Сместувањето е на 35 км од Маврово, а гостите имаат сопствен паркинг и бесплатно WiFi.
Доколку сакате да прочитате повеќе информации за вилата, погледнете повеќе фотографии и контакт за резервации кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Elena Jovanovska
12.04.2025 16:00
Ova dali e dostapno poveke ni se dpagja za
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!