09.09.2022

Душица: Скопјанката која го замени Скопје со Берово и беровската природа

Душица: Скопјанката која го замени Скопје со Берово и беровската природа

Како во западните земји, така и во Македонија се повеќе се развива трендот кај младите луѓе да го напуштат урбаниот градски живот и да се преселат во помали планински средини каде го наоѓаат својот спокој.

На Кајак.мк сме пишувале куп приказни за локални и иновативни млади, а денеска ќе ве запознаеме со уште една млада личност, која за себе вели дека ужива да израборува природни сапуни и мармалади.


Душица е уште една скопјанка која решила својот урбан градски живот да го замени со мирниот беровски живот. Извесно време по запознавање на нејзиниот вереник Александар и нејзиното вљубување на прв поглед во Берово, паднала одлуката да се пресели во ова мало градче и да го живее мирот и спокојот. Душица вели дека ужива да шета низ шумата, да плива, а често гледа и некој добар филм.


Можеби ќе се запрашате, зошто ние од тимот на Кајак.мк одлучивме да ја споделиме приказната на Душица? Причината е „Беровко“ брендот позади кој стои потписот на Душица, а кој го фаворизираме поради фактот дека е направен со многу љубов, грижа кон растенијата и со почит кон начинот на преработка.


Душица вели дека во Берово ја знаат како „Скопјанката која прави мармалади и сапуни“, а што е сосема во ред, ако се земе фактот дека нејзиното време и посветеност се токму кон ваквите производи. Александар, сопругот на Душица, потекнува од семејство кое со генерации наназад се занимава со сточарство, но поради состојбата со сточарството во Македонија одлучиле да прекинат на одреден период.


Поради желбата да се престојува на планина, да се одржуваат имотот и пасиштата се со цел еден ден повторно да започнаат со сточарство, Душица одлучила овошјето кое го има во овоштарниците на Александар (претежно сливи) да го преработуваат во мармалад.

Денеска, покрај сливите, Душица произведува мармалад од диви капини и диви малини кои ги има во изобилие во целиот регион. Овде се јагодите, мармаладите од праски и кајсии и миксовите од разни овошки.

Берово е град со најголема концентрација на кислород, има прекрасна природа која што на места успеала да остане и недопрена од човекот, малку дива и малку питома, што е идеален баланс.


Берово знае да има сурови зими со -30 степени и благи лета, а тоа го прави идеален град за летниот период. Сето оваа и се допаднало на Душица, но вели дека Берово и Малешевијата не се доволно промовирани во Македонија, а на интернет не може да се најде многу информации за нив.

Душица вели дека регионот може да понуди голем број велосипедски и пешачки патеки на кои работеле со сопругот Александар во изминатите две години.

Има многу колиби со историја, бескрајни пасишта, кладенци со чиста вода, ендемски видови на животни и растенија и најважно од се- прекрасна борова шума.


Фарма која ја имаат денес, не е веќе класична фарма како до пред 5 години. Сега се пасишта, ливади со триесеттина лековити билки и чаеви и овоштарници кои се опколени со густа букова шума. Лоцирана е на 4 километри од првиот асфалтен пат на Беровското езеро и околу 13 километри од градот Берово. Поради лошите шумски патишта, до самата фарма, освен пеш или со теренско возило со добар искусен возач, може да се стигне и по велосипедско-пешачката патека која моментално е во изработка.


Душица и Александар се водат според принципот - што е родено од овоштарниците е доволно, повеќе плод следната година. Тоа значи дека овошките кои растат на нивната фарма, а кои дел од нив се стари и по 40 години не се никогаш прскани, полевани и третирани со вештачко ѓубриво. Па дури и кога посакале да ги полеваат со вода, не биле во можност бидејќи водата во овој регион е лимитирана, а изворот има доволно за пиење и одржување на колибата. Тоа на еден начин го прави одржувањето лесно, но со помалку приход.

Од овошјето израборуваат претежно мармалади и сокови. Во нивниот асортиман има мармалади од сливи, малина, капина, јагоди, праски, кајсии и микс од овошја, како и слатко од дуњи со и без лешници, слатко од сливи и слатко од капини. Има сок од вишни и кашест сок од јаболка, дуња и праски.


Нивните производи ги пласираат преку Фејсбук и преку пријатели и роднини.

Знаете како викаат - добриот збор далеку се слуша, па така ние никогаш не сме имале проблем со пласманот. Напротив - да имаме уште толку колку што имаме, пак би ни било малку“ вели Душица.

Овошките немаат сертификат за органско производство, но со оглед на тоа дека само буковата шума им е "сосед", нема загадувачи во околината, а првиот пат е на околу 4 км од фармата, Душица си зема за право да каже дека нивното ЕКО производство е дури неколку степени подобро од било кое сертифицирано органско производство, бидејќи тие не користат ниту пестициди кои се дозволени да се користат во органско производство. Душица е среќна што денеска е дел од семејството на Slow Food Macedonia.


Засега не е дозволена посета од страна па посетителите дирекно на планина, бидејќи ниту тие не се постојано таму. Но Душица вели дека доколку им се најави група на гости, може да се организира пешачка тура до Торничевец, а од таму во колибарски стил може да биде пречекана групата со закуска или ручек.

Доколку сакате да прошетате како група или пак сакате да организирате настан, тогаш можете да ја имате предвид Душица, како локалец кој прави мали нешта од огрмно значење во развојот на туризмот. Тимот на Кајак.мк несебично ги споделува контактите од оваа млада и иновативна личност со која можете да стапите во контакт со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Нови куќарки на Марков Манастир достапни за престој и уживање

Куќарки на Марков Манастир. Сместување и престој.

Предлог викенд дестинација: Вевчански извори - идеална дестинација за ден во природа со семејството или пријателите

Барате идеална дестинација за ден во природа со семејството или пријателите? Вевчанските извори нудат кристално чисти води, пешачки патеки низ магични долини и можност за авантура и релаксација под отворено небо.

Матка кањон – идеална викенд дестинација за целото семејство

Матка кањон – срцето на авантурата во Македонија

Дали сте слушнале за Етно ресторанот Мариово?

Во срцето на Мариoвскиот крај, ресторанот нуди автентична македонска атмосфера и богато мени со локални специјалитети кои ги оживуваат старите рецепти.

Во Македонија се отвори уште една планинска вила достапна на Кајак.мк

Околината е вистински рај за љубителите на планината и авантурите. Гостите можат да уживаат во планинарење, прошетки низ природата и активности кои го исполнуваат телото и духот.

Ново на Охридско езеро: Дрвено буре за уникатен пикник престој

Во бурето ќе најдете брачен кревет и дополнителни поединечни кревети, што овозможува престој за четири лица.