10.06.2022

Пред 10 години останавме без работа, а тоа не поттикна да ја отвориме нашата етно куќа

Пред 10 години останавме без работа, а тоа не поттикна да ја отвориме нашата етно куќа

Промените во животот може да Ви бидат почеток на нешто ново кое доколку се посветите на него ќе ви донесе поголем успех. Дека никогаш не треба да очајувате ако изгубите работа сведочат домаќините на „Етно куќа- вила Елена“ кои од денеска се дел од нашата база на гастрономија.


Новица и Бети од село Бродец кои ги отворија своите врати за патувачите на Кајак велат дека нивната етно куќа започнала да работи пред 10 години, кога ја изгубиле својата работа и останале невработени.

Бети ни раскажува дека на почетокот биле неуки во работата, но со тек на време и со напорна работа, успеале да создадат една нова гастрономска приказна која денеска ја препознаваат вистинските гурмани.


Денеска со ресторанот менаџира нивниот син Даниел кој има само 23 години и ќерката Елена, кои се добро запознаени со работата на своите родители.


Како специјалитети кои ви ги препорачуваме од куќата се пита, качамак, козјо домашно сирење, козји кашкавал, печено јарешко месо, макала и пинџури.


Нивната етно куќа се наоѓа во селото Бродец на Скопска Црна Гора. Ова село е на 50 минути возење од центарот на Скопје, а изобилува со мир и тишина.


За оние коишто ќе се одлучат да ја посетат етно куќата, совет од тимот на Кајак.мк е да ги посетат водопадите кои се наоѓаат недалеку од селото. Станува збор за водопадите на Тршченски Поток, кои се на околу 500 метри источно од селото и на 950-1100 метри надморска височина. Станува збор за десетина водопади со височина од 2,5 – 5 метри, наредени скалесто еден под друг.


За оние кои се заинтересирани да ги посетат водопадите, треба да знаат дена истите се лесно пристапни и до нив води патека која започнува од острата кривина на асфалтниот пат кон Рамно, на самиот излез од викенд населбата Бродец. До двата горни водопади се стигнува за само 5 минути лесно пешачење.


По истражувањето на водопадите денот можете да го заокружите во етно куќата Вила Елена. Доколку сакате да резервирате или да стапите во контакт со домаќините, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.