24.08.2021
Македонија има своја рајска долина која вреди да ја посетите
Македонија има своја рајска долина која вреди да ја посетите
Гастрономското патување на Кајак.мк низ Македонија продолжува во регионот на Охрид. Охридскиот регион не е само езеро и историја. Регионот може да се пофали со недопрена природа, здрава и вкусна храна и уникатни приказни на локални херои кои својот живот го посветиле градејќи нешто автентично на природата.

Она со кое денеска ќе ве запознаеме е дел од нашата листа на дестинации за еко тим-билдинг патувања кои започнавме да ги организираме, а кои патувања вреди да им ги понуди секоја компанија на своите вработени. За оние кои се уште не аплицирале за тим-билдинг патување, тоа може да го сторат со еден клик ОВДЕ.

На само 15 километри од патниот правец од Охрид кон Ресен и на 3 километри пред селото Куратица се наоѓа рибниот ресторан „Рајска Долина“. Тимот на Кајак.мк разговараше со Зоран и Тони. Двајца страсни рибари, кои љубовта кон спортот ги поттикнала да отворат свој рибарник изграден од лесни и природни материјали кои ќе се вклопат со природата.

Рибниот ресторан работи
седум години по ред и исклучиво во летниот период. Сезоната им започнува до
месец мај и трае се до октомври пред да започнат обилните врнежи и студот.
Зоран вели дека големата желба кон рибите и риболовот ги поттикнала да отпочат свој бизнис преку кој ќе одгледуваат риба, а подоцна и ќе ја продаваат во свој ресторан. Пред цели 10 години започнале со градење на рибникот, а летниот ресторан го изградиле две години подоцна.

Местото на кое е изграден
рибникот е погоден за чување риба. Чиста вода од самите извори кои се во
непосредна близина и недопрената природа се причината поради која стекнуваат
редовни гости.
Тие велат дека најголеми комплименти добиваат од странските туристи кои ретко искусиле таква природа и кои го искористуваат денот да уживаат покрај течението на реката.

Од месо се служи исклучиво
риба и тоа Охридска пастрмка, речна пастрмка и крап. Поради тоа што самиот
рибник се наоѓа на река која е на охридско сливно подрачке, законски е
забрането одгледување на друга риба.
Доколку гостите имаат желба може сами да уловат риба, особено на рибникот/езерото за крап кој преставува вистинска атракција.

Порај рибата, се
служат и стандардните самати и овчото сирење од селото Плаќе.
За рибниците и рибите потребна е грижа во текот на цела година. Одвојување на големите од малите риби, хранење, чистење и оддржување, вели Зоран. Но додава дека покрај рибите редовни другари им се и патките, кокошките и зајаците кои ја уживаат природата и бенефитите од местото.

Рибникот „Рајска долина“
може да го најдете во нашата нова база „Гастрономија“ каде ќе најдете локација
и директен контакт од домаќините. Повеќе инфо со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Јасмина Цветковска
16.08.2022 15:56
Се пофално.. Убаво уредено, одлична услуга, предобра храна.. Секој кој може треба да појде..
-
Igor stefkovski
15.08.2022 08:37
Neli oh pastrmka ja zabranija so zakon?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!